Кујнските крпи со текот не времето се „трошат“ и нивната белина исчезнува. Многумина ги доведува до лудило кога ќе видат дека дури ни по перењето на нивните крпи не се навистина чисти. Дамките и флеките се задржуваат какви средства и да користите.За сите вас кои имате ваков проблем, ви носиме неколку трикови кои успешно го враќаат сјајот на користените крпи!
Сол
Во подлабок сад наполнете ладна вода и посолете ја. На 5 литри вода ставете пет супени лажици сол. Помешајте и ставете ги валканите крпи. Доколку се многу валкани- нека преноќат, доколку не се, доволни се неколку часа. Потоа исперете ги на вообичаен начин. Како резултат, крпите ќе бидат уште почисти отколку после вриење со избелувач.
Сода
Содата исто така е добар помошник во отстранување на масните дамки од кујнските крпи. Можете да подготвите раствор со топла вода со додадот на сода, а можете и да ги провриете крпите во овој раствор (пет лажици на 5 литри вода). Дури и да останат флеки, ќе исчезнат по перењето во машина за перење алишта.
Оцет
Доколку на вашите крпи се појавила мувла, треба да ги исперете на вообичаен начин, но потоа да ги исперете во раствор од вода и оцет. Не се грижете за бојата, оцетот е безопасен. Секако, доколку не ги оставите премногу долго во оваој раствор.За сите вас кои имате ваков проблем, ви носиме неколку трикови кои успешно го враќаат сјајот на користените крпи!
Сол



