Веднаш по нападот на отровницата, многу е важно да направите неколку работи за да го забавите ширењето на отровот и така да си ги зголемите шансите за преживување до болница.Змијата ќе ве нападне доколку се почувствува загрозено, инаку бега од луѓето. Отровниците имаат кратко тело, додека оние кои не се отровни се долги и тенки. Раната предизвикана од гриз на неотровна змија треба да се измие со вода, да намачка со антибиотски крем и да се преврзе.
Еве што да направите кога ќе ве касне змија отровница:• Прво и најважно е да се смирите. На тој начин ќе ја забавите работата на срцето и отровот ќе се шири побавно.• Најдобро е да легнете на земја и да дозволите раната да крвави, бидејќи така од неа излегува и отровот.• На подрачјето околу раната отстранете ја облеката или накитот.• Иако тоа често го гледаме на филмовите, раката или ногата на која е раната не смее да се стега над тоа подрачје, ниту пак да се извлекува отровот со уста.• До доаѓањето во болница воздржете од пиење на било какви течности, бидејќи така ќе го забрзате ширењето на отровот.• Многу е важно до лекар да се дојде во рок од два или три часа.
Со оглед на фактот што многу луѓе паничат откако ќе бидат нападнати од змија, бидејќи не се сигурни за каков вид станува збор, во таквите ситуации најдобро е да се однесувате како да станува збор за отровница и веднаш да заминете во болница.
Како да се однесувате во природа и што да понесете:• Додека шетате низ природата, посебно на места каде што има камења, пожелно е да со вас да носите стап и повремено да чукате по камењата. Буката ќе ја избрка змијата од вашата близина.
• Експертите препорачуваат на излетите да одите во затворени обувки и долги пантолони.• Доколку видите змија, не се обидувајте да ја удрите со стап, бидејќи може да ве нападне. Наместо тоа, полека оддалечете се од неа, без брзи потези.• Воздржете се од фотографирање.• Проверувајте ги местата пред да седнете.Змијата ќе ве нападне доколку се почувствува загрозено, инаку бега од луѓето. Отровниците имаат кратко тело, додека оние кои не се отровни се долги



