Јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча! Народни верувања од нашата земја!

Кај нашиот народ отсекогаш се верувало дека некои појави можат да ја предвидат иднината.Постои голем број на непишаните правила кои се однесуваат на нешта што можат да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, сигурно се потчинувате на некои од овие непишани „правила“. 
Колку пати сте слушнале „помрдни се од место“ или пак „чукни во дрво, за да не те слушне злото“? Ова се некои необичните и со децении стари народни верувања во кои повеќето луѓе сакале или пак не тоа да го признаат, сеуште веруваат. 
1. Не ја оставај недовршен пијалок на гости, така им оставаш кавга дома.
2. Кога ластовичка ќе направи гнездо на покривот на куќата, тогаш таа куќа ќе има мир и спокојство.
3. Што сонувате првата ноќ во новиот стан, тој сон ќе ви се исполни. Исто така, кога за прв пат ќе спијете во туѓ кревет, сетете се што сте сонувале, тоа ќе ви се исполни. 
4. Ако уште во раните утрински часови ти се случи незгода, тој ден не започнувај ништо важно.
5. Каде што некоја столица се лула, тогаш во таа куќата жената го има последниот збор.
6. Кога гостин ќе ја напушти куќата, а притоа не седне воопшто, се верува дека тој го изнел мирот од куќата. Исто така, каде што има женски деца, гостинот треба да седне барем на пет минути.
7. Скршена чаша – ако куќата се скрши чаша, тоа наговестува добра среќа.

 

8. Кога за прв пат се земате бебе во рацете, замислите си желба. Во текот на годината, желбата ќе се исполни.
9. Јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча, црни точки на жолчка се лош знак, а јајце без жолчка претставува многу лош знак и голема несреќа.
10. Кога ќе видиш пајак на себе, те очекува среќа.
11. Ако гавран лета над вашата куќа, а во исто време и грака, пазете се од несреќа.
12. Кога ќе им помогнеш на куче, мачка или било кое друго животно во неволја, доброто ќе ти се врати.
13. Истурено кафе – Ако ви се истури кафе во куќата, тоа претставува парична добивка за брзо време.
14. Не го менувајте вереничкиот прстен, со тоа ќе ви се промени среќата.
 
15. Ако туѓо куче дојде во предниот дел на куќата и лае,тоа е знак на среќа и кучето не треба да го бркате.
16. Ако го испуштите ножот од рака, некој маж ќе дојде во куќата. Спротивно на тоа, ако испуштите вилушка, ќе се дојде до жена.

 

17. Облека на маса – ако на масата се стави облека или чевли, некој од куќата ќе се разболи.
18. Ако се споменува некоја несреќа, болест или некоја лоша работа треба да се поместиш од место- за да не ја доживеете истата судбина. 
19. Прекрстени рацете – не е добро да седат во куќа со прекрстени раце, бидејки тоа донесува несреќа или тага. 
20. Кога некој во куќата оди на долго патување, не добро тој ден од куќата да се дава ништо на заем, бидејќи патот на патникот ќе биде многу несреќен.
21. Кој пие кафе од скршена чаша, ќе се омажи за вдовец или вдовица.
22. За да имате пари дома, метлата држете ја со дршката свртена надолу.
23. Кога на службен пат ќе налетате на куче, тоа значи дека ќе ви биде успешен бизнисот.
24. Не е убаво да се јаде храна со нож или да се лиже ножот – ќе се разболите 
25. Ако најдете потковица цела или на делови, тоа значи дека денот ќе ви биде среќен. 
27. Ако една девојка му подари часовник на еден маж, или пак тој неа, за нив времето ќе застане – им следи раскинување.Постои голем број на непишаните правила кои се однесуваат на нешта што можат да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни,

Пронајдете не на следниве мрежи: