Оваа година се навршуваат 115 години од раѓањето на Антоан де Сент-Егзипери, авторот на познатата новела „Малиот принц“.Сент-Егзипери ја напишал новелата во 1943 година, во моментите кога се борел со внатрешни демони и лошото здравје, но надежта и емоциите внесени во неговата приказна за малечкиот принц кој од далечна планета доаѓа на Земјата ги отслика неговите визии за љубовта, пријателството, заедништвото, романтиката, фантазијата…
„Малиот принц“ е третата најпреведувана книга на планетата. Преведена е на повеќе од 250 јазици и дијалекти, годишно се продаваат околу два милиони примероци и прогласена е за најдобра книга на 20. век во Франција.
Ви издвојуваме десет цитати од оваа книга кои ќе ве научат на важни лекции и принципи:
1. „Човек гледа добро само со срцето. Суштината е невидлива за очите.“
2. „Сите возрасни некогаш биле деца… но, само малку од нив се сеќаваат.“
3. „Многу е потешко да се критикувате себеси, отколку другите. Ако бидете самокритични, тогаш сте навистина мудар човек.“
4. „Зборовите се извор на недоразбирања.“
5. „Времето што сте го потрошиле на една роза е она што ја прави таа роза важна.“
6. „Мора да истрпите две-три гасеници, ако сакате да запознаете пеперутка.“
7. „Она што ја прави пустината убава е тоа што некаде крие бунар.“
8. „Луѓето купуваат работи од продавниците, веќе направени. Но, ниту една продавница во светот не продава пријателство, па затоа луѓето повеќе немаат пријатели.“
9. „Најубавите нешта во светот не може да ги видиме и допреме, туку само да ги почувствуваме со срцето.“
10. „Кога нешто ќе скротиш, стануваш одговорен за тоа“.Сент-Егзипери ја напишал новелата во 1943 година, во моментите кога се борел со внатрешни демони и лошото здравје, но надежта и емоциите внесени во



