Познатата слика на Леонардо да Винчи, кој е во Лувр во Париз, за чие создавање му биле потребни дваесет години, е интересна за голем број на експерти кои ја анализираат и доаѓаат до бројни нови забелешки и заклучоци.Еден од нив, е и професорот Silvano Vicenti, претседател на италијанскиот национален комитет за евалуација на историски богатства, тврди дека лицето на Мона Лиза е всушност лице на еден маж.
Тој дури и тврди дека лицето е на истиот маж кој седи веднаш до Исус на сликата Тајната вечера. Дека тој човек се викал Salai и бил Леонардов ученик и слуга цели 25 години.
Едно време беше прифатена теорија дека оваа слика е авто-портрет, но подоцна е отфрлено таквото мислиње. Потоа, се наметнала теоријата дека станува збор за портрет на Lisa Gerardini по која и сликата го добила своето име години подоцна, а не од страна на Леонардо. Меѓутоа, кога експерти ги откриле буквите L и S во очите на Мона Лиза, тоа повторно доведе до нови теории.
Прво се мислело дека буквата L се однесува на Lisa L Gerardini, но кога експертите се откажале од теоријата дека е нејзин портрет, се смета дека буквата L се однесуваат на самиот Леонардо, и буквата S на неговиот ученик Salaia.
Сепак, постои една неодамнешна теорија уметникот Ron Picirila кој тврди дека забележал глава на мајмун, лав и бик во облаците над главата на Мона Лиза. Покрај нив, тој забележал змија и крокодилска вилица. Тој ги следи насоките од дневникот на Леонардо, ја свртел сликата на страна за да ги забележи овие животни.
Врз основа на белешки на Леонардо, тој дошол до заклучок дека Мона Лиза е всушност метафора на завист. Тој забележал дека десната рака на Мона Лиза е благо свиткана во рачниот зглоб кон горе и според белешките на Леонардо дека “зависта мора да се покаже како гест на презир кон небото.”
Тајната вечера
Една од најпознатите слики во светот, бидејќи ја претставува вечерата пред смртта на Исус, кога тој им кажал на своите ученици дека тој следниот ден ќе биде издаден од еден од нив.
Оваа слика е предмет на интерес на многу луѓе, бидејќи нови тврдења велат дека на неа се гледа слика на жена која држи дете во раце. Коментарите започнале на веб страните посветени на Леонардо – www.leonardodavinci.tv, www.codicedavinci.tv, www.cenacolo.biz и www.leonardo2007.com, кои се посетени од страна на милиони луѓе за неколку часа, така што биле блокирани поради голем сообраќај.
Се верува дека оваа фигура настанала кога мурал од XV век бил преклопен со слика од огледало. И како резултат на тоа, се појавила фигура на дете, а додека жената која се гледа во дуплата слика е всушност Филип на првата.
Сепак, приврзаниците на теоријата на заговор од интернет дојдоа до заклучок дека тоа има врска со книгата “Кодот на Да Винчи”, во која Исус е во брак со Марија Магдалена.
Критичарите дури и можат да заклучат дека двојната слика, пред се, е матна и бледа за да се види било што и да се дојде до заклучок.
Еден од нив, е и професорот Silvano Vicenti, претседател на италијанскиот национален комитет за евалуација на историски богатства, тврди дека лицет



