Никако не користете ацетон на памук. Тоа ќе го уништи материјалот и ќе остави дамки.
Многу жени ги мачи овој проблем. При лакирање на ноктите, малку лак секогаш завршува онаму каде што не треба. Но не значи дека дамката не може да се отстрани од масата, троседот, кошулата. Колку побрзо ќе реагирате, толку полесно ќе ја отстраните.
Отстранување на лак за нокти со памук
Не користете ацетон на памук. Ќе го уништите материјалот и ќе ви останат дамки. Не паничете, не постои лесно решение за овој проблем. Само многу испрскајте ја дамката од лак, со лак за коса и остајте ја да стои дваесет секунди, а потоа избришете. Можеби ќе треба неколку пати да го повторувате процесот, но нема да имате дамки.
Дамки на ткаенина
Веројатно еден од најголемите проблеми. Користете отстранувач за лак без ацетон, но може да оштети некои од материјалите, па затоа мора да бидете многу внимателни. Доколку тоа не е опција, обидете се повторно со лак за коса.
Отстранување на лак за нокти од коса
Ако сте во брзање, може да ви се случи неисушениот лак на ноктите лесно да се залепи на вашата коса. Доколку е уште течен, земете отстранувач за лак без ацетон и нежно отстранете ја дамката од косата. Ако е веќе сув, земете малку малку балсам за коса и нежно поминете го место, се додека лакот не се лизне од вашата коса.
Отстранете ги дамките од тепихот
Која боја е вашиот тепих? Акое светла боја, најдобро е да користите отстранувач за лак без ацетон. Ако е темна боја и не сте сигурни дека отстранувачот за лак нема да предизвика штета, обидете се со лак за коса или алкохол, а потоа отстранете ја дамката со сунѓер или крпа. Не се откажувајте и бидете упорни.Многу жени ги мачи овој проблем. При лакирање на ноктите, малку лак секогаш завршува онаму каде што не треба. Но не значи дека дамката не може да с



