Иако секој има свој начин на подготовка на пилешко месо, некои од овие методи можете да ги пробате.Пилешко месо ретко кој го одбива па затоа толку често се наоѓа во нашите менија. Еден од најпознатите традиционални јадења во многу семејства е цело печено пиле со прилози, кои се само се ставаат во печката и се приготвува брзо и практично. Но, за совршено печено пилешко, не е потребна цела филозофија. Еве неколку совети кои вреди да ги испробате и тоа при првата прилика.
Измиеното и посоленото пиле пред да се стави во рерната треба да биде добро исушено, а месото треба да биде посолено неколку часа предходно. А доколку имате време, најдобро е да го направите тоа, ноќта пред печењето. Некои велат дека е добро пилето пред да го ставите во рерна да гопремачкате со мајонез бидејки тој гарантира крцкава кожа. За време на печење месото треба често да се ротира и да се полева со вода и да се премачкува со сосот во кој се пече. На почетокот на температура на рерната треба да биде силна, а потоа се пече на умерена температура. За кожата на пилето да не изгори кон средината на печењето, треба да го покриете со фолија, која се отстранува пред крајот за месото да биде убаво испечено. За печење е подобро младо пиле, бидејќи тоа гарантира совршен оброк. Ако во рерна ставите смрзната кокошка што била во фрижидер, ќе ви треба повеќе време за печење. Во овој случај нема да се пече подеднакво, затоа подобро е да оставите да се одмрзне околу половина час на собна температура пилешкото пред печење за да ги апсорбира зачините и вишокот на вода да се исцеди.
Не го сечете веднаш по печењето. Оставете го да се одмори 15 минути, и послужете го пилешкото, со прилог без разлика дали станува збор за зеленчук, тестенини, компири или ориз.Пилешко месо ретко кој го одбива па затоа толку често се наоѓа во нашите менија. Еден од најпознатите традиционални јадења во многу семејства е цел



