Едно видео на Јутјуб, кое прикажува дете кое се дави, го насочи вниманието кон опасноста при пливањето на најмладите без надзор, па дури и во базен преполн со луѓе.Не е познато каде е снимено видеото во кое се гледа дете кое во паника одвај ја држи главата над површината на водата.
За среќа, му помогнала жена од спасувачката служба која откако го забележала, скокнала во базенот и во рок од 5 секунди го извлекла на безбедно.
Ова видео нагласи една работа – колку е тешко да се забележи кога е некој во опасност, па дури и кога е окружен со други луѓе. Сето тоа може да изгледа како некоја игра.
Според податоците на експертите за безбедност во вода, речиси половина од децата кои се дават, се на околу 20 метри оддалечени од своите родители или од други возрасни лица.
Не е познато каде е снимено видеото во кое се гледа дете кое во паника одвај ја држи главата над површината на водата.
За среќа, му помогна



