Фенг шуи за здравје: Под кревет не се чува НИШТО, освен ЕДНА работа!

Се советува ништо да не се чува под кревет, но постои еден исклучокПросторот под креветот треба да биде отворен според фенг шуи, за да имаме отворен проток на енергија која треба да се распредели рамномерно по целото наше тело во текот на ноќта. Купот работи кои можеби ги чувате под кревет создава конфузна енергија која вашиот несвесен ум ја впива додека спиете, што е многу лошо.
Единствен исклучок од „ништо под креветот“, според Фенг Шуи правилата е ако под креветот го чувате тоа што се вика „Кутија со богатство“.
Тоа е специфичен Фенг Шуи алат за исполнување на одредени желби и намери, односно за отворање на нашите несвесни„јас“ можности.
Каква е таа кутија и што се наоѓа во неа?
Многу е важно кутијата да биде квалитетна, бидејќи тоа ќе предизвикува поголема или помала енергетска вибрација. Цврстиот поклоп ќе претставува поголема сигурна и стабилна енергија, а отворена кутија ќе има поголемо количество на отворена и примателска енергија.
Исто така, важен е и материјалот на кутијата. Дрвото ќе ја поттикнува енергијата, додека златната, сребрената или пак некоја шарена кутија ќе го зголеми чувството за богатство. Стаклената ќе предизвика јасна енергија, плетената флексибилност, додека земјената или керамичката сугерира на внимание и нега.
Што да ставите во кутијата?

 

Што да ставите во кутијата?
Пред да ставите одредени работи во кутијата, запрашајте се: Што ќе ме направи навистина среќен/а? Идејата е да пронајдете предмети кои ќе ги застапува среќните чувства кои сакаме да ги привлечеме во нашиот живот.
Во кутијата ставете предмети кои ќе поттикнат одредена желба да се исполни: ако сакате богатство и пари во кутијата ставете разни пари, златен накит, златници, монети, драги и полудраги камења, кристали… Избегнувајте да ставате мноштво ситни кованици. Ако сакате да привлечете љубов, во кутијата ставете природни мириси, црвени свеќи, мирисни кремови и масла.
Енергетското влијание на кутијата со богатство ќе се почувствува без разлика каде под својот кревет ќе ја ставите, но најдобро место  е под стомакот, односно папокот. На тој начин, директно суптилно ќе се „храните“ со енергијата од внатрешноста на кутијата – како што мајката го храни фетусот низ папочната врвка. Кутијата со богатството треба да ја прегледувате и освежувате на секои три месеци.Просторот под креветот треба да биде отворен според фенг шуи, за да имаме отворен проток на енергија која треба да се распредели рамномерно по цело

Пронајдете не на следниве мрежи: