На прашањето зошто лебот секогаш паѓа на намачканата страна, научниците одговараат – поради висината на масата!Доколку сте од оние на кои лебот често им паѓа додека доручкуваат, постои мала веројатност дека вашиот под ќе остане чист зашто лебот скоро секогаш паѓа на „погрешната“ страна – намачканата страна.
Тоа е она што го нарекуваме Марфиев закон: едноставно секогаш паѓа она што е склоно кон паѓање. Меѓутоа, научниците истакнуваат дека тоа нема никаква врска со случајноста, ниту пак со премазот.
Британскиот научник Роберт Метјуз, член на Кралското астрономско друштво и Кралското друштво за статистика, истакнува дека лебот паѓа на намачканата страна поради „фундаменталните константи“ на универзумот, како што е гравитацијата.
„Лебот паѓа од масата на намачканата страна, бидејќи универзумот е создаден на таков начин“, навел тој во своето истражување.
Неколку години подоцна, Метјуз ги потврдил своите теории со документи: резултатите од тестирањата на 9821 парчиња леб, покажале дека 6101 паднале на намачканата страна, што во проценти изнесува 62 отсто.
Иако големината и обликот на парчето леб, како и начинот на неговиот пад, имаат одредена улога, во поголем број од случаите, висината на масата е пресудна за „мрсното приземјување“.
Имено, лебот има време да направи само полукруг пред да го допре тлото.
За да се направи цел круг, потребно би било масата да биде висока три метри или пак силата на земјината тежа да биде поголема. Кога Метјуз и неговиот тим фрлале леб од висина од околу 2,4 метри, 47 отсто од 2000 парчиња паднале на сувата страна од лебот.Доколку сте од оние на кои лебот често им паѓа додека доручкуваат, постои мала веројатност дека вашиот под ќе остане чист зашто лебот скоро секогаш



