Број на нијанси кои ги гледаме зависи од бројот на видови на рецептори кои апсорбираат боја во нашите очи. Професорката Dijana Derval смислила тест од кој може да се заклучи колку е остро вашето око кога станува збор за боја.Синиот и златниот фустан кој речиси го крена целиот свет на нозе докажа дека перцепцијата за боја е многу субјективна.
Број на нијанси кои ги гледаме зависи од бројот на видови на рецептори за боја во нашите очи. Професорката Dijana Derval смислила тест од кој може да се заклучи колку е остро вашето око кога станува збор за боја.
Со овој визуелен тест можете да проверите колку рецептори за боја има во вашите очи: Колку точно нијанси на боја гледате?
Проверете:
Гледате помалку од 20 нијанси: Вие сте дихромат, како и кучиња. Ова значи дека имате два вида на рецептори. И најверојатно сакате да носите црна, беж и сина облека. 25% од населението се дихромати.
Гледате меѓу 20 и 32 нијанси: Вие сте тетрахромат, имате три вида на рецептори и тоа во виолетова/сина, зелената и црвената зона. Сакате облека во различни бои. 50% од населението се тетрахромати.
Гледате меѓу 33 и 39 нијанси: Вие сте тетрахромати како и пчелите, и имате четири вида на рецептори и тоа во пурпурно/сина, зелената, црвената и жолтата зона. Иритирачки ви влијае жолтата боја, така што е тешко да се најде во вашата гардероба. 25% од населението се тетрахромати.
Гледате повеќе од 39 нијанси: Сигурно измислувате. Има само 39 бои во тестот, а на екранот правилно се гледаат веројатно само 35 бои.
Многу е веројатно дека луѓето кои имаат четири видови на рецептори за боја немаат проблем да се заклучат дали фустанот златен, син, црн или бел без оглед на осветлување.Синиот и златниот фустан кој речиси го крена целиот свет на нозе докажа дека перцепцијата за боја е многу субјективна.



