Кој навистина ја открил електричната енергија и го создал првиот вештачки извор на светлина?
Бенџамин Френклин и Томас Едисон се сметаат за пронаоѓачи на светлината, но тоа е само еден општо прифатен факт. Овде се наметнува прашањето за тоа како античките Египќани успеале да ги создадат своите уметнички и технички вештини на дело и да работат во целосен мрак во долгите подземни ходници кои се наоѓаат во многу споменици во Египет.
Како тие успевале да прават неворојатни уметнички дела без постојан извор на светлина?
Тоа е прашање на кое археолозите и историчарите го имаат делумно одговорено, но овие теории не се прифатени од страна на сите. Воведувањето на ваква неверојатна хипотезата се противи на општо прифатена теорија за тоа кој ја измислил електрична енергија. Истражувачите веруваат дека електричната енергија е откриена во антички Египет и дека нивните свештеници биле првите кои со помош од електрична енергија ги осветлувале подземните гробници и споменици.
Алтернативните теоретичари упатуваат на една серија на релјефите кои ги покриваат ѕидовите во темен агол од гробницата на храмот на Хатор. Еден од релјефите го привлече вниманието на посетителите, како и на норвешкиот инженер, кој веднаш сфатил дека тоа што го видел нацртано на ѕидот, било електрична светилка.
Кога истражувачите погледнале цртежите, споредиле различни видови на светилки, и дојдоа до заклучок дека античките Египќани користеле т.н. “Круксова цевка”. Официјално, Круксовата цевка е едена од првите експериментални цевки за електрицитет и делумен вакум, а била измислена од страна на англиски физичар Вилијам Крукс и неговите соработници во периодот 1869-1875. ” Кога работи на цевката, таа создава зрак од електрони, од местото каде што кабелот влегува во тековната катодна цевка се до спротивниот крај. На цртежот во храмот, зракот од електрони е претставен како змија.
Погледнете во видето:
Опачката на змијата започнува таму каде што кабелот влегува во цевката, а главата на змијата го допира спротивниот крај. Познато е дека во египетската уметност змијата била симбол на божествената моќ “, изјавил Крис Ден во Гиза.
Истражувачите укажуваат на значајни сличности. „Сијалицата“ од гробницата лесно може да биде истиот уред кој нам ни е познато како Круксова цевка.
Заговорниците на оваа хипотезата тврдат дека различни храмови и гробници во Египет постојат неверојатно детални скулптури, релјефи и мурали иако немале никаков извор на светлина.
Египетскиот огледала се исто така можност за извор на светлина, иако многу неефикасен, бидејќи тие се правеле од полиран бакар, и не би биле во можност да ја рефлектираат светлината со доволно висок интензитет. Оваа теорија е незамислива бидејки и покрај тоа што е огледалото не би можело да ја рефлектира светлината доволно, тие би морале постојано да ги преместуваат како се движи сонцето во текот на денот.Бенџамин Френклин и Томас Едисон се сметаат за пронаоѓачи на светлината, но тоа е само еден општо прифатен факт. Овде се наметнува прашањето за тоа



