АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА: Нутела ќе исчезне од полиците во супермаркетите?!

Обожавателите на Нутелата се во страв, бидејќи поради слабата берба предизвикана од невреме, би можело да дојде до опасно зголемување на цените.Според пишувањето на „Мирор“, цената на лешниците би можела да скокне за неверојатни 65,5% за само година дена и дури 7,7% за месец дена, откако временските неприлики во април го уништија родот на лешниците во Турција.
Слатките ќе станат луксуз?
Исто така, се заканува пораст на цената на уште некои чоколадни задоволства, како што е Фереро Роше, бидејќи освен цената на лешниците, пораснала и цената на какаото и тоа за 9,2% за година дена.
Инаку, Турција произведува дури 70% лешници за светски потреби. Според пишувањето на списанието „Д Горцер“, недостатокот на лешници и понатаму трае, што предизвикува и пораст на цените.
Ниедна од светките компании се нема изјаснето за овие тврдења и како мерките на недостаток ќе влијаат на потрошувачите и нивните џебови. Но, сигурно е дека засега не се забележува некој голем недостаток на производи од лешници на полиците од супермаркетите.Според пишувањето на „Мирор“, цената на лешниците би можела да скокне за неверојатни 65,5% за само година дена и дури 7,7% за месец ден

Пронајдете не на следниве мрежи: