Австралискиот акупунктуролог, д-р Карлтон Смит, тврди дека постои неверојатна поврзаност меѓу точките на носот и богатството. Своето мислење го темели врз лично спроведеното истражување.„Со притискањето на вистинското место на вашиот нос, го менувате електричното струење на импулсите на нервниот систем и отворениот простор, така што ќе го зголемите вашето богатство“ вели д-р Смит, кој стана познат благодарение на техниките за акупунктура.
Своето истражување го спровел врз 347 пријавени доброволци. Неопходно било да се испита и да се докаже дека притисокот на вистинските места на носот и на мостот на носот имаат влијание врз подобрување на финансиската ситуација на тестираните лица. И се случи нешто навистина интересно: Кај 91% од испитаниците, по 18 недели се случило подобрување на финансиската состојба!
Техника:
Секое утро и секоја вечер обидете се да издвоите по неколку минути за себе. Обидете се да бидете сами во соба и да раскомотите. Потоа притиснете ги означените места на носот со вашите прсти. Повторете го процесот секое утро и секоја вечер, во текот на неделата, а во исто време размислувајте за парите и за зголемување на богатството.
Процесот на притискање трае по десетина секунди. Ова значи дека ќе притиснете и ќе го држите прстот на одредена точка при што ќе мислите на тоа што сакате да постигнете во животот. Втората недела одберете друга точка. Повторно повторете го истото. Процесот непрестојно повторувајте го, сѐ до седмата точка. Тогаш тргнете од почеток, сѐ додека не почувствувате во своја близина многу пари.
1. Напредување во работата
Замислете си некоја нова улога во компанијата, се разбира со подобра плата.
2. Наследство
Спомнете си сами на себе колку ги сакате своето семејство и пријателите и колку би сакале да ве наградат.
3. Враќање на данок
Сфатете го тоа како да имате добар и совесен работник кој работи напорно и кој заслужува наплата барем на дел од парите кои секој месец ги плаќате на државата.
4. Добивка на лотарија
Купете билет или пополнете лотариски билет и мислете на вашите среќни броеви кои сте ги играле.
5. Донации и стипендии
Замислете дека сте заслужиле награда, мислете на среќа и храбро играјте.
6. Акции, вложувања, фондови
Замислете дека сте вложиле во нешто и дека парите повеќекратно ви се враќаат.
7. Зголемување на платата
Мислете на зголемувањето на платата која сте ја заслужиле.
Се повторува целата постапка, сѐ додека околу вас нема доволно пари. А кога ќе се појават парите, тогаш повеќе не притискајте. Парите ќе станат дел од вас.„Со притискањето на вистинското место на вашиот нос, го менувате електричното струење на импулсите на нервниот систем и отворениот простор, т



