Во Дубаи прават лебдечки куќи

Лебдечките вили на три нивоа, со спална соба под вода, ќе ја здогледаат светлоста на денот во 2016 година.Цаната на вилите ќе биде околу 1,6 милиони евра а тие ќе бидат сместени во архипелагот на вештачките острови изградени долж Дубаи.
Планирана е изградба на вкупно 42 вили-бродови, а како што велат во компанијата Кландест Груп која ја изведува работата, 35 веќе се продадени.
Конструкцијата на вилите ќе биде завршена кон крајот на 2016 година, за да се постават во рамката на проектот Ворд кој подразбира изградба на комплекс вештачки острови.
Лебдечката вила е всушност триплекс, и на првото ниво,на самото дно се наоѓаат спална соба и бања со поглед кон подводниот свет.
На второто ниво, кое е над површината на водата, се наоѓа салон на отворено и тераса со поглед на околината, додека во внатрешноста на вилата, сместена е трпезаријата.
Над трпезаријата и отворениот салон, се наоѓа третото, последно ниво, замислено како простор за опуштање во кој се наоѓа џакузи, мини кујна, туш на отворено како и простор за седење. Вилите ќе бидат подготвени за вселување во 2018 година.Цаната на вилите ќе биде околу 1,6 милиони евра а тие ќе бидат сместени во архипелагот на вештачките острови изградени долж Дубаи.
Планиран

Пронајдете не на следниве мрежи: