Иако шопингот за вас може да биде вистинско малтретирање, некогаш има и свои добри страни.
Обожавате да носите капри пантолони, но мора да признаете дека сите пантолони кои ги поседувате, вам ви се до глуждовите, иако на другите девојки им се долги. Сепак, вие знаете како да ги носите. Не се само пантолоните кратки, ракавите едвај да стигнуваат до рачните зглобови, а некои кошули дури не можете ни да ги пикнете во пантолоните. Но, сепак тука се мини здолништата кои паѓаат на коленото, а тоа е предност кога имате неколку сантиметри плус.
Во текот на распродажбите, просечните 37-38 броеви на обувки се распродадени додека броевите од 39 па нагоре се сѐ уште тука.
Освен што изгледаат прекрасно, високите потпетици додаваат неколку сантиметри висина. Но, од нив многу болат нозете. Па, кога сте високи вие скоро и да немате потреба да носите високи потпетици. Верувајте, огромен број девојки ви завидуваат токму на тоа!
Обожавате да носите капри пантолони, но мора да признаете дека сите пантолони кои ги поседувате, вам ви се до глуждовите, иако на др



