Една свиња направи вистинска збрка во градот Тауншип, Мичиген. Откако му избега на сопственикот, свињата талкала по градот, да влегувала по дворовите и напаѓала луѓе. Една жена ја повикала полицијата, која ја пронашла свињата и ја „уапсила“.
Полицијата ја ставиле „уапсената“ свиња на задното седиште на автомобилот, не мислејќи дека тоа би можело да биде лоша идеја, но кога ја отвориле вратата по возењето, сватиле дека можеби требало да ја пренесат свињата на друг начин. Целото задно седиште од автомобилот било извалкано.
“Мислев дека за овие 25 години како полициски службеник сум видел се, и тогаш му се јавив на шефот и да му кажам дека имаме проблем, свиња што предизвикува хаос во градот”, изјавил заменик-шефот на полициската станица Марк.
Полицијата објави фотографии на Фејсбук од хаосот на задното седиште од автомобилот, а претходно беше објавена фотографија од “уапсената” свиња, на која изгледа како да се смешка.
Полицијата соопштила дека немирната свиња конечно е вратена кај сопственик.
Една жена ја повикала полицијата, која ја пронашла свињата и ја „уапсила“.



