Адолф Хитлер бил германски политичар и лидер на Нацистичката партија, кој во 1933 година станал канцелар. По смртта на претседателот Пол вон Хинденбург, тој себеси се прогласил за фирер и воспоставил тоталитарен режим во Германија кој траел сѐ до неговото самоубиство во 1945 година.Можеби ова досега ви беше познато, но веруваме дека овие 10 интересни факти за Хитлер ќе ве изненадат:
1. Бил номиниран за Нобелова награда за мир
Во 1939 година, Хитлер бил номиниран за Нобеловата награда за мир од страна на Реик Брант, член на шведскиот парламент. Имено, тој му бил посветен на антифашизмот и самата номинација била шега, а неговиот сарказам не наишол на одобрување.
2. Ги патентирал секс-куклите на надувување
Тој наредил да се направат кукли кои војниците би можеле да ги стават во ранците, бидејќи германските војници често се разболувале од сифилис поради контактот со француските проститутки.
3. Неговата прва љубов била Еврејка
Кога имал 16 години, Адолф напишал неколку љубовни песни посветени на една Еврејка, но тие никогаш не се сретнале лице в лице.
4. Тој ја водел првата кампања против пушењето
Оваа нацистичка кампања не дозволувала пушење во јавниот превоз, а војниците имале организирани предавања за штетноста на пушењето.
5. Бил вегетаријанец
Хитлер забранувал било каква суровост кон животните, па во однос на тоа ги ограничил ловењето и тестирањето лекови врз нив. Евреите ја преземале таа улога.
6. Свештеник го спасил кога бил дете
Кога имал само 4 години, Хитлер бил спасен од давење. Едно момче скокнало во замрзнатата вода и му го спасило животот. Подоцна, неговиот спасувач станал свештеник и доживотно жалел поради својот несебичен чин.
7. Британски војник му го поштедил животот
Еден британскит војник за време на Првата светска војна го спасил Хитлер, иако имал наредба да го убие. Хитлер подоцна пронашол некоја вест посветена на истиот војник (со име Хенри), го препознал и ја сочувал во својата архива.
8. Сакал да изгради „Музеј на истребената раса“
Планирал да собере илјадници предмети кои им припаѓале на Евреите и да го изгради музејот по војната. Колекцијата од 200.000 предмети е фотографирана и заведена во книгите.
9. Никогаш не стапнал во ниту еден концентрационен логор
Секогаш се држел што е можно подалеку од валканата работа и никогаш не ги посетил логорите. Наредбите ги издавал тивко и никогаш не оставал писмени траги со налози за убивање и геноцид.
10. Имал еден тестис
Тој бил повреден во една битка, во која му настрадале стомакот и интимните делови од телото. Поради тоа, Хитлер останал без еден тестис, а воените лекари ја потврдиле оваа информација.Можеби ова досега ви беше познато, но веруваме дека овие 10 интересни факти за Хитлер ќе ве изненадат:
1. Бил номиниран за Нобелова



