Сократ: За ширењето гласини и озборувањето

Во древна Грција, Сократ (469-399), бил фален поради неговата мудрост. Затоа, луѓето често биле склони да бараат совет од него. Еден ден, му пришол еден негов познаник кој бил видно вознемирен:
„Сократ, дали знаеш што слушнав за Диоген?“
„Само момент“, одговорил Сократ.
„Пред да ми кажеш што си слушнал, ќе направиме еден мал тест. Тоа се вика ТРИКРАТЕН ФИЛТЕР ТЕСТ.“
„Трикратен филтер?“
„Точно, пред да ми раскажеш за Диоген, ќе го исфилтрираме она што намеруваш да ми го кажеш. Првиот филтер е ВИСТИНАТА. Дали си апсолутно сигурен во она што имаш намера да ми го кажеш дека е вистина?“
„Не, само слушнав за тоа.“
„Добро, значи не знаеме дали тоа е вистина или не. Да се обидеме со вториот филтер, филтер на ДОБРИНАТА. Дали она што имаш намера да ми го кажеш за Диоген е нешто добро?“
„Не, напротив…“
„Значи сакаш да ми кажеш нешто за Диоген што би можело да биде лошо, дури и ако не си сигурен дека е вистина?“
Човекот ги спуштил рамениците и делувал збунето.
Сократ продолжил:
„Веста сѐ уште може да го помине тестот, бидејќи постои и трет филтер – филтер на КОРИСНОСТА. Дали она што сакаш да ми го кажеш за Диоген ќе биде корисно за мене?“
„Не, мислам дека нема.“
„Па“, заклучил Сократ, „ако она што сакаш да ми го кажеш не е вистина, не е добро ниту корисно, зошто тогаш сакаш да ми го кажеш на мене или на било кој друг воопшто?“
Човекот останал збунет и засрамен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.