Девет годишниот Нолан Роџерс трагајќи по авантура за време на семеен излет во околината на езерото Мареј во Јужна Каролина, пронашол порака во шише. Содржианта на пораката е доказ дека животот пишува драми.Имено писмото било напишано од пријателката на мајката на Нолан, Дијана Брајант, но верувале или не, писмото било наменето за Мајк Роџерс.
На избледеното и тешко читливо писмо пишувало „Би сакала да си овде. Те сакам“, под што стоел потписот на Дијана.
-Мајката на Нолам, Вики ми се јави и ми кажа за писмото, ми рече дека ракоописот е сличен на мојот. Но, кога го видов писмото помислив „О Боже, ова дефинитивно е моето писмо„, изјавила Дијана за “ABC News”.
Таа дури се сетила на датата кога го напишала ова љубовно писмо.
-Тоа беше во јуни 1970 година. Бев на езерото но мојот тогашен дечко не можеше да дојде. Знаев дека за едена седмица тој ќе дојде со неговото семејство и му напишав порака во шише, надевајќи се дека ќе ја најде, посочила Дијана.
Таа доадала дека писмото и вратило стари спомени, но дека уште почудно било тоа што пораката ја пронашол токму синот на нејзината стара прјателка.
Имено писмото било напишано од пријателката на мајката на Нолан, Дијана Брајант, но верувале или не, писмото било наменето за Мајк Роџерс.



