Фердинанд Шевал, кој е роден во 1836 година во Франција, а починал во 1924 година, посветил 33 години од својот живот на своето фасцинантно хоби од кое е создадено неверојатно уметничко дело.Овој француски поштар со години работел на проект кој вклучувал изградба на палата од камчиња во Хутеривс. Камчињата ги собирал секојдневно додека разнесувал пошта, а понекогаш му била потребна дури и количка за да го земе сиот материјал.
Фердинанд обрнувал внимание на деталите – на секој столб, лак и скулптура. Она што започнало како хоби, прераснало во животен проект. Неговата палата е прогласена за еден од најубавите аматерски зафати и наречен е „Le Palais ideal“, што во превод значи „Совршена палата“.
Внимавал на деталите
Шевал на 13-годишна возраст го напуштил училиштето и станал чирак во една пекара. Сепак, тој избрал да стане поштар. Идејата за овој проект првпат му паднала на памет кога се сопнал од еден камен.
„Сакав да знам зошто ми се случи тоа. Сонував дека изградив палата, замок или пештера. Никому му немав кажано за тој сон за да не ми се исмеваат, бидејќи и на мене ми беше смешно. Тогаш си реков: ако природата сака да ми пружи материјал, јас ќе работам на архитектурата и изградбата“, напишал Фердинанд во својот дневник.
Шевал наоѓал материјали на градилиште во местото Отрив, од каде што носел камења по работното време, а неретко за тоа му била потребна и количка. Овој човек потполно сам ја изградил палатата, а често добивал инспирација и во доцните ноќни часови, поради што често знаел да работи и под светлината на лампата.
Инспирацијата ја пронашол во разгледниците од егзотичните дестинации
Бидејќи многу време му посветил на проектот, овој вдовец својот син им го дал на кумовите, зашто сметал дека тие подобро ќе се грижат за него. Надворешните ѕидови од оваа палата се долги 24 метри и високи 10 метри.
Самата палата поседува скулптури од егзотични животни и митски суштества, а инспирацијата за нив ја пронашол во разгледниците кои им ги давал на луѓето. Исто така, големо влијание на него имале христијанството и хиндуизмот.
Шевал барал да биде погребан во неговата палата. За жал, тоа не му било дозволено, па самиот на себе си изградил мавзолеј на гробиштата, каде што бил погребан во 1924 година – истата година кога ја завршил изградбата на палатата.
Оваа градба и 100 години по изградбата ги привлекува туристите од целиот свет, а таа се најде и на француската поштенска марка во 1986 година.
Најдоброто објаснување за ова архитектонско чудо е натписот кој Шевал го врежал на самата палата, а кој гласи: „Сон на еден човек“.
Овој француски поштар со години работел на проект кој вклучувал изградба на палата од камчиња во Хутеривс. Камчињата ги собирал секојдневно додека



