НАУЧНИЦИТЕ ЗБУНЕТИ: Пронајден прстен со натпис „За Алах“ во викиншки гроб!

Во гроб кој датира од деветтиот век, во Шведска беше пронајден прстен со зборови напишани со арапски букви.Прстенот од легура на сребро со виолетово обоено стакло, се наоѓал во гробот на една жена заедно со уште неколку парчиња накит.
Беше пронајден од страна на познатиот шведски научник Хјалмар Столпе во втората половина на 19 век, за време на ископувањето на гробниците во градот Бирка, некогашниот викиншки трговски центар.
Биофизичарот Себастијан Вермлендер, го предводел тимот научници кои подробно го испитале овој прстен.
Иако прстенот бил заведен во Шведскиот музеј за историја како прстен со аметист, сега е утврдено дека каменот од обоено стакло се сметал за егзотичен материјал во Скандинавија од ерата на Викинзите.
На каменот бил врежан натпис со арапско куфи писмо, кое се употребувало во 8-от и 9-от век.
На него пишувало „За Алах“ и тоа е единствениот познат прстен со арапско писмо од тој период, кој е пронајден во цела Скандинавија.
Не е познато како жената го добила прстенот.
„Најверојатно никогаш нема да го дознаеме точното значење на натписот, ниту каде е направен и зошто“, рекле научниците.
Интересно е тоа што прстенот има многу малку траги од носење, па постои можност ова парче накит да е направено токму за жената со која е погребан.
„Викиншките саги и хроники зборуваат за патувања од Црното Море до Каспиското, но ние не знаеме што е од тоа точно“, рече Вермлендер.
Сепак, ова откритие и состојбата на прстенот кој е како „нов“, зборува за тоа дека Викинзите имале контакт со исламскиот свет.Прстенот од легура на сребро со виолетово обоено стакло, се наоѓал во гробот на една жена заедно со уште неколку парчиња накит.
Беше пронај

Пронајдете не на следниве мрежи: