ВИДЕО: Подготвен е да даде милион долари само ако некој му докаже ЕДНА РАБОТА!

Џејмс Ренди им порача на видовитите луѓе, исцелители и сите оние кои заработуваат пари на паранормални активности, да престанат да лажат. Нема смисла само некои од нив да се наречат измамници, бидејќи сите тие се измамници, тврди Ренди. Негов животен повик е да ја спаси лековерната јавност од измамниците кои зависат од глупавоста на масите, пренесоа странските медиуми.
Животниот пат на овој 86-годишен човек, кој почнал да работи како магионичар, а завршил како истражувач на паранормалните активности, опишан е во документарниот филм „Искрен лажго“, кој наскоро ќе почне да се прикажува во кината на САД.
„Сакате милион долари? Ќе ви дадам милион долари“, тврди Ренди.
Имено, тој е подготвен да му даде огромна парична награда на оној кој ќе докаже некоја паранормална активност.
„Би требало да се создаде ред во кој ќе членуваат луѓето кои што заработуваат пари со измама. Некогаш велат дека ќе го прифатат овој предизвик, но никогаш не го прават тоа. Погодете зошто?“, прашал Ренди.
Меѓу оние кои Ренди ги има разоткриено како измамници се Ури Гелер, кој со умот витка лажици и неговиот татко, исцелителот Питер Попоф.

„Магионичарите се совршени луѓе за разоткривање на другите, бидејќи знаеме како да ја измамиме публиката. Ние сме искрени лажговци, ние им велиме на луѓето дека ќе ги измамиме и потоа го правиме тоа“, вели Ренди.
Тој додава дека единствената разлика меѓу магионичарите и оние кои се занимаваат со паранормални активности, е во тоа што магионичарите не тврдат дека нивната работа е паранормална.
Ренди најмногу го нервираат видовитите луѓе кои ги искористуваат членовите од семејствата на убиените, кои наводно им помагаат да воспостават контакт со загубената личност.
Една од тие е Силвија Браун, која во 2004 година му рекла на семејството на Аманда Бери дека е мртва, но во 2013 година, таа била пронајдена жива во подрумот од мажот кој ја заробил. Иако му се извинила на семејството, Браун продолжила со својата работа и понатаму ги убедувала луѓето дека има дарба. Таа го прифатила предизвикот на Ренди, но никогаш не се појавила да ја побие неговата теорија.
Ренди го објавил предизвикот уште во 1964 година, а наградата тогаш изнесувала само 1.000 долари. Од 1964 до 1982 година, според неговите тврдења, на предизвикот се јавиле 650 лица, но никој не го поминал прелиминарниот тест. Од 1997 до 2005 година се пријавиле уште 360 лица, а пријавите за предизвикот од милион долари пристигнуваат секој месец.
За сите оние кои мислат дека сето ова е лага, Ренди ги уверува дека парите се наоѓаат на посебна сметка, а оној кој ќе го помине тестот, ќе добие 10.000 долари веднаш, додека остатокот ќе му биде исплатен во наредните десет дена.
Нема смисла само некои од нив да се наречат измамници, бидејќи сите тие се измамници, тврди Ренди. Негов животен повик е да ја спаси лековерната ја

Пронајдете не на следниве мрежи: