Дали некогаш ви паднало на памет зошто копчињата на женската гардероба се наоѓаат од левата, а на машката од десната страна? Одговорот ќе ви биде интересен.Дали некогаш ви паднало на памет зошто копчињата на женската гардероба се наоѓаат од левата, а на машката од десната страна? Одговорот ќе ви биде интересен.
Една од најраспространетите теории укажува на тоа дека богатите жени во минатото имале слугинки кои ги облекуваат, па за да им ја олеснат работата и да не се мачат, тие ги поставувале копчињата на левата страна за полесно да ги закопчаат.
Можеби оваа теорија и „не држи вода“, бидејќи и богатите мажи имале слуги кои ги облекувале нивните кошули и униформи кои биле со повеќе копчиња. Но, тие останале на десната страна.
Голем број жени немале свои слугинки кои ги облекувале, но биле склони да го следат трендот.
Втора теорија е дека жените кои немале слугинки да ги облекуваат биле приморани сами да се закопчуваат, а со тоа да морале повеќе да ја користат левата страна, која не била функционална. Имено, со тоа се покажувала потчинетост и подреденост пред мажите.
Со оглед на тоа дека повеќето жените сами си ги шиеле кошулите, не постои резон зошто сами би се ставале во подредена позиција.
Третата теорија е како наодврзување на првата, но не се однесува на тоа дали копчињата се наоѓаат од лева или од десна страна из а да им ослеснат на слугинките, туку на фактот дека тие жени биле богати до толку, што биле во состојба да најмат слугинки да ги облекуваат.
Без оглед која од овие теории стои зад овој тренд, факт е дека масовно е прифатен трендот на шиење и производство на кошули на овој начин.Дали некогаш ви паднало на памет зошто копчињата на женската гардероба се наоѓаат од левата, а на машката од десната страна? Одговорот ќе ви биде и



