Непосакуваната трајна тетоважа наскоро ќе можете да ја отстраните со крема!

Многу луѓе се понесени во моментот да истетовираат нешто симболично, но по извесно време се покајуваат поради таа постапка. Што потоа?Истражувач од Универзитетот Халифакс, нема волшебна напивка која може да го врати времето назад, но затоа е чекор поблиску да им помогне на сите оние што сакаат да ја отстранат тетоважата.
Алек Фалкенхам (27), наскоро ќе создаде крема која постепено ќе ја отстранува тетоважата.
„Во споредба со ласерското отстранување на тетоважа, пришто можете да имате големи лузни од изгорениците, во овој случај нема да имате никакви последици“, рече Алек и објасни на кој начин помага кремата.
Како функционира?
Мастилото влегува под кожата за време на тетовирањето. Мастилото предизвика реакција на имунитетот и клетките се поместуваат до тоа место и практично го „јадат“ мастилото. Меѓутоа, дел од мастилото коие допира до лимфата останува таму и затоа е видливо под кожата.
Кремата на Алек функционира според принцип на таргетирање, така што ги напаѓа обоените клетки и практично умира со нив. Нема инјекции, нема лузни и тетоважата исчезнува со тек на време. Во моментов се работи на патентирање на производот, односно на оваа технологија.
Сѐ уште не се знае колку точно време е потребно да исчезне тетоважата, но кремата во моментов е во фаза на тестирање. Наскоро се очекуваат повеќе информации за овој производ, за кој се најавува и дека нема да биде многу скап.Истражувач од Универзитетот Халифакс, нема волшебна напивка која може да го врати времето назад, но затоа е чекор поблиску да им помогне на сите он

Пронајдете не на следниве мрежи: