НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 70 ГОДИНИ: Црвената армија го ослободи злогласниот логор Аушвиц

На истиот датум кога Црвената армија во 1945 година го ослободи Аушвиц-Биркенау кој е симбол на масовно страдање на луѓето – главно Евреите, во светот се одбележува и Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.Денеска во Полска се одбележува 70-та годишнина од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц.
Истребувањето на Евреите, или како што велеле нацистите „конечно решавање на еврејското прашање“, почна со инвазијата на нацистичка Германија над Полска, во септември 1939 година.
Потоа следеле првите масовни убивања на Евреите и нивно изгладнување до смрт, а првите жртви биле и советските војници кои биле заробени во Полска и на балтичките и советските територии, наведува АФП.
Еден од најмоќните луѓе на Третиот рајх и командантот на СС трупите Хајнрих Химлер, набрзо увидел дека ваквата метода е „ограничена“, бидејќи не може да се примени на поголемиот дел од територијата на западна Европа. Заедно со својот заменик Рајнхард Хајдрих, смислиле поинаква метода за истребување на Евреите во вид на гасни комори – техника која и претходно се користела во Германија врз хендикепирани лица.
Химлер, творец на холокаустот, смислил план за отворање на концентрациони логори во Полска, во кои луѓето би се убивале во гасни комори со пуштање на отровниот гас „циклон Б“, кој за првпат се применувал во Германија во почетокот на 1920-те години.
Аушвиц стана најголемиот логор во кој нацизмот ја остваруваше замислата за масовно уништување на луѓето.
Првично замислен како затвор за полски политички затвореници, тој беше изграден на југот на Полска, во близина на Краков, во градот Освјенчим, а Химлер лично наредил да се изгради на 27 април 1940 година.
Во близина на главниот логор, подоцна биле изградени уште 40 други. Така, на три километри оддалеченост, во селото Бжежинка, во 1941 година беше изградена огромната фабрика за смрт Биркенау. Тука се и логорите во Белзец, Собибор и Треблинки.
Се знае дека тие три логори се изгради врз основа на операцијата „Операција Рајнхард“, кој беше покрената како конечен потег за решавање на еврејското прашање, а според податоците на вашингтонскиот Меморијален центар посветен на холокаустот, во таа операција биле убиени 1,7 милиони Евреи.
Во логорот Биркенау, беа изградени поголемите постројки за масовно уништување, а по грозоморноста се издвојуваат четирите крематориуми со гасни комори. Командант на логорот бил Рудолф Хес.
Но, не починале сите жртви од гас. Непосредно по доаѓањето во сточните вагони, голем дел луѓе биле „селектирани“ да работат кај рампата за истовар, како што тврделе нацистите. Лекарите и СС-овците ги одвојувале затворениците на оние кои веднаш ќе ги убијат со гас и на оние кои ќе го преживеат доаѓањето.
Еден од лекарите бил и Јозеф Менгеле, кого го викале „Ангелот на смртта од Аушвиц“.
Покрај стандардната „селекција“, Менгеле спродведувал и ѕверски експерименти – некои од нив биле спроведувани врз деца.
Нацистите официјално регистрирале 405.000 затвореници, од кои 340.000 биле убиени со тешка работа, глад, болести и „медицински експерименти“.
Светските агенции пишуваат дека проценките за бројот на убиени во „Аушвиц“ се движат до 3,5 милиони, што е податок кој најчесто се сретнува во енциклопедиите, со осврт дека службено се покажува цифра од околу 2,5 милиони мртви.
Црвената армија го ослободи Аушвиц на 27 јануари 1945 година. Германските единици пружале огорчен отпор.
При ослободувањето на логорот загинале 231 руски војници, а преживеаните 7.500 луѓе од логорот повеќе изгледале дека се мртви отколку живи.
Логорот Аушвиц во 1947 година, врз основа на одлуката на полскиот парламент, стекна статус на државен музеј и тоа е единствено такво место кое се најде на списокот на светски вредности на УНЕСКО.Денеска во Полска се одбележува 70-та годишнина од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц.
Истребувањето на Евреите, или како што веле

Пронајдете не на следниве мрежи: