Календарот на Маите ни ја покажува еволуцијата на човековата свест

Според календарот на Маите, еволуцијата на свеста се одвива во циклуси. Предметните циклуси се вкупно 9 на број и се откриени со помош на археолошко откритие (столб со натписи), бидејќи календарот е веќе дел од официјалната наука.Маите го делат секој еден од овие циклуси на 13 делови – 7 дена и 6 ноќи (седмиот ден нема ноќ, а времетраењето не се совпаѓа со нашето). Секој „дел“ во циклусот бележи нов развој (скок) на свеста. Вкупно постојат 9 циклуси.
Циклус 1 -„Клеточен“
Почнува пред 16,4 милијарди години со настанот што официјалната наука го нарекува „Биг Бенг“ и е поврзан со развојот на животот во вид на посебни клетки. Тогаш се раѓа основната свест на сè што се наоѓа на планетата и се нарекува „акција – реакција“, што исто така е главен физички закон. Со овој циклус започнува првото скалило на пирамидата од календарот на Маите.
Секој од 13-те делови на овој циклус е со времетраење од околу 1,26 милијарди години. Тој се развива многу бавно. Во петтиот ден се формира Сончевиот систем, а во петтата ноќ доаѓа до метеорски туш врз сите планети и месечини (нашата планета сѐ уште има лузни од тој настан).
Циклус 2 – „Млечен“
Почнува пред 820 милиони години. Тој е условно наречен така, бидејќи науката денес приближно го одредува овој период како почеток на здружувањето на индивидуалните клетки во комплексни организми. Свеста еволуирала во „стимул – одговор“, што е посложено од претходното.
Циклус 3 – „Семејство“
Почнува пред 41 милиони години и е поврзан со издвојувањето на поединецот од заедницата. Свеста еволуирала во „стимул – индивидуален одговор“.
Циклус 4 – „Племенски“
Почнува пред 2 милиони години, кога за прв пат се појавува племето. Свеста еволуирала во „сличности – разлики“. Се оформува нашата способност да донесуваме одлуки.

Циклус 5 – „Културен“
Почнал пред 102 илјади години. Тогаш за прв пат се појавила културата, а свеста еволуирала на нивото „причина“. Во претходната фаза свеста се научила да донесува одлуки, во оваа – да ги открива причините. Во овој период се појавуваат уметностите.
Циклус 6 – „Национален“
Започнува во 3115 година п.н.е, кога за прв пат Горен Египет се обединува со Долен Египет и се формира првата нација на Земјата. Се појавува писменоста. Свеста еволуирала во „закон“.
Циклус 7 – „Планетарен“
Започнува во 1752 година, кога човештвото сфаќа дека живее на планета со топчеста форма. Свеста еволуирала во „сила“. Се собира многу моќ во рацете на мал број на луѓе.
Циклус 8 – „Галактички“
Почна во 1999 година. Свеста еволуирала во „етика“. Почнува развојот на односите со нашите вселенски соседи.
Циклус 9 – „Универзална свест“
Процесот на еволуција на свеста лета. Колку повеќе работи се случуваат, толку можности се отвораат. Тоа во еден момент ќе доведе и до можноста да правиме „чуда“. Свеста еволуирала до „свесно и обединето создавање“. Сите заклучени области на мозокот ќе се отклучат.Маите го делат секој еден од овие циклуси на 13 делови – 7 дена и 6 ноќи (седмиот ден нема ноќ, а времетраењето не се совпаѓа со н

Пронајдете не на следниве мрежи: