Веќе се знае дека египетските фараони ги мумифицирале и закопувале во пирамидите, но сега е познато и местото на кое завршувале „обичните“ жители на стар Египет по смртта.За разлика од фараоните, наместо во пирамидите, тие завршувале на гробиштата Фаг ал Гамус, во кои се наоѓаат преку милиони мумии. Античката гробница била откриена од тим археолози од американскиот Универзитет Бригам Јанг.
Американските археолози веќе 30 години вршат истражувања на Фаг ел Гамус гробиштата, а своите откритија конечно ги споделиле со јавноста, пишува livescience.com.
„Прилично сме сигурни дека на гробиштата има преку милион гробови. Просторот е огромен и преполн со мумии“ – изјави водачот на проектот Кери Мулстајн.
Закопаните луѓе не беа припадници на владеачките касти од стар Египет. Често биле закопувани без прилозите, кои според верувањата би требале да им го олеснат преминувањето во задгробниот свет.
Внатрешните органи на покојниците во главно не им биле извадени, што е еден од предусловите за мумифицирање. Наместо тоа, за природната постапка на мумифицирање се погрижи сувата, пустинска клима.
„Не би требало да се употребува терминот мумифицирање кога опишуваме што се случило со тие тела. Освен во најширокиот можен контекст“ – објаснува Мулстајн.
И покрај очигледно нискиот статус на закопаните во Фаг ел Гамус, археолозите сепак пронашле некои одлично сочувани предмети кои се изработени од стакло и лен.
Пронајдено било и мумифицирано тело на дете кое било старо 18 месеци, кое било закопано со неколку возрасни луѓе. Детето било завиткано во туника, а на стапалата имало плетени папучи и на рацете по две нараквици.
„Имаме докази дека врз детето беше извршен обид за мумификација. Палците, ноктите, јазикот и мозокот се одлично сочувани, а накитот нѐ наведува на заклучок дека станува збор за девојче иако не сме сигурни.“
„Телото ѝ било закопано со големо внимание, од што може да се види дека ја закопал некој кој многу се грижел за неа. Многу тажно, но тие успеале во намерата достојно да ја закопаат“ – додава Мулстајн.
Археолозите сѐ уште не успеале да откријат од каде се нашле толку мумии во пустината. Во близина се наоѓа дури едно село, а античка Филаделфија – староегипетски град чии остатоци исто така се наоѓаат во близина на Фаг ел Гамус, имал свои посебни гробишта.
Мулстајн најавува нови објави за фасцинантните откритија во Фаг ел Гамус. Таа ја спомна мумијата од маж висок два метри, кој за време на закопувањето морале да го свиткаат во појасот за да може да застане во гробницата, како и мумиите на русокосите и црвенокосите жители на Египет, кои биле закопани на издвоени делови од џиновските гробишта во пустината.
За разлика од фараоните, наместо во пирамидите, тие завршувале на гробиштата Фаг ал Гамус, во кои се наоѓаат преку милиони мумии. Античката гробниц



