Големиот брат е тука и тој има шокантни нови технологии во ракавот кои му даваат невиден пристап до вашите мисли, чувства и намери. Контролата на умот е пософистицирана од било кога и не можете дури ни да бидете свесни дека вашите очи им даваат на технолошките натрапници пристап до вашиот ум.Биометрика е употреба на технологијата за мерење на човечките карактеристики и особини, а посебен дел од биометриката е пупилометријата, наука за искористување на мерењата на човечкото око за да се направат психолошки предвидувања и да се соберат дополнителни информации.
Уште од периодот на 1900-те години, беше познато дека големината на зениците се менува со промената на емоционалната состојба и мозочната активност. Од 50-те и 60-те, биле изведени бројни експерименти во кои се користеле мерења на зениците, за да се утврди психолошката врска со однесувањето. Владата на Канада користела тн. „fruit machine“, за да утврди дали членовите на силите за спроведување на законот биле хомосексуалци преку набљудувањето како нивните зеници реагираат на порнографски слики.
Прозорец кон претчувството
Зениците реагираат на различни стимули, вклучувајќи ги светлината и темнината, интоксикација, возбуда, невролошка болест, когнитивен напор… и тие движења се многу прецизни. Научниците можат да откријат и да измерат работи како што се поспаност, емоционална состојба, сексуален интерес, расна пристрасност, морални ставови, шизофренија, памтење, внимание, депресија, па дури и аутизам.
Исто така, беше откриено дека колку потешко некој работи на решавање на некој проблем, зениците сѐ повеќе се прошируваат и медицински сестри дури биле во можност да ги „читаат“ зениците од парализираните пациенти, за да се утврди дали нивната намера е „да“ или „не“ како одговор на важни прашања.
„Ирисот е составен од два типа на мускули: прстенести мускули кои ја заобиколуваат и стегаат зеницата на неколку милиметри за да се спречи навлегување на премногу светлина; и сет од дилататорни мускули поставени како краци од велосипедско тркало, кои можат да ја прошират зеницата до осум милиметри“ [Извор]
Со зголемувањето на бројот на паметни телефони и компјутери, дигитални камери со висока резолуција, како и последните случувања за скенирање на мозокот – скенирањето на промените во големината на зеницата, можат да се комбинираат со други биометриски податоци за формирање на неверојатно точни читања на вашите мисли и меѓу другото, дали сте или не сте во сугестивна состојба на умот.
Контрола на умот
Добро позната карактеристика на учењата за човекот и психологијата, е дека умот е поподложен на примање нови информации кога се наоѓа во благосостојба. Пупилометријата може да детектира кога едно лице е оптимално свесно, односно кога се наоѓа во својата највисока сугестивна состојба на умот. Во оваа сугестивна состојба, кога се забележува зголемено внимание, субјектот е најподготвен да прима сугестивни пораки, без разлика дали се аудио или визуелни, потсвесни или отворени.
Масовно производство на скенери за очи
Оваа технологија е веќе масовно произведена за различни апликации во потрошувачкиот свет, вклучувајќи ги безбедносните и процедурите за давање на овластување.
Погледнете го видеото:
Епилог
Контролата на умот веќе е дел од модерниот живот и со науката на пупилометријата само ќе се овозможи поголем упад во приватноста на луѓето. Како што технологијата расте, може да се очекува да се види дали ова ќе се искористи против луѓето.Биометрика е употреба на технологијата за мерење на човечките карактеристики и особини, а посебен дел од биометриката е пупилометријата



