Сите нас од време на време не не мачат кошмари од разни видови. Но најстрашните се секако оние кога се сонува смртта. Затоа ви прикажуваме како народните верувања и соновници образложуваат што ваквиот сон предвидува, но и едно посериозно образложение за смртта од психолошка страна.Ако видите смрт – пред вас е долг живот богатство и многу деца.
Гледате како доаѓа смртта – ќе се најдете во големо искушение.
Ако ја фатите смртта со раце – на работа ве очекува напредок и голем успех.
Ако сонувате дека сте мртви – Ослободување од проблемите. Ќе имате долг и среќен живот.
Ако го видите сопственото умирање – ве очекува голем успех, бидејќи конечно сте станале свесни за сите свои можности и вредности.
Да умрете и повторно да оживеете – ве очекуваат големи грижи, тага и жал.
Ако видите како некој друг умира – ќе ве напушти драга личност.
Ако умира некој кој го познавате – ќе ја прекинете врската со таа личност или со тоа што таа личност за вас претставува.
Смрт на драгаличност – потајно мечтаете за некоја личност која долго не сте ја виделе.
Сепак психолозите велат дека сонувањето на својата смрт значи дека се наоѓате на животна раскрсница, односно дека сте во некој вид транзиција. Еден начин на живот останува зад вас, а пред вас се наоѓа нов почеток. Сонвите за сопствената смрт симболизираат внатрешна трансформација, откривање на сопствената личност или генерално развој на вашиот живот во целина. Со други зброви вашиот живот добива една нова димензија, така да нема причина за паника, бидејќи најчесто станува збор за позитивна промена.
Кога смрт на блиски личности е во прашање, а тоа во главно се однесува на членови од семејството, значењата се различни, но и понатаму гравитираат кон животни промени.
Сонот за смрт на брат или сестра значи дека треба да пребродите нешто што се однесува на вашето детство, да престанете да живеете во минатото и да се свртите кон иднината.
Соновите за смрт на родител, симболизираат промена на нивото на идентитетот. Тоа може да укаже на процес на растење и осамостајување, дури и ако веќе одамна не живеете со своите родители.
Смрт на дете, значи дека треба да пораснете и дека во вашиот живот повеќе нема место за „лигавење“. Исто така тоа може да претставува и откривање на сопствената личност, односно на некои стари заборавени делови од личноста.
Ако сонувате смрт на некоја непозната личност тоа значи дека во тек се големи промени во вашиот живот на кои не можете да влијаете. Ако видите смрт – пред вас е долг живот богатство и многу деца.
Гледате како доаѓа смртта – ќ



