ФЕНОМЕН: Жена не чувствува страв од ништо

Американка, чиј идентитет се чува во тајност, страда од ретка болест од која е засегнат дел од мозокот кој е одговорен за чувствувањето на стравот како емоција.Поради болеста, 50-годишната жена нема никакво чувство за самоодржување и таа без било каков проблем може да се најде во близина на опасни животни. Во својот живот, таа била соочена со смртоносни опасности, пред кои не покажала ниту трошка страв.
Делот од мозокот кој е погоден од реткото заболување е амигдалата. Жената може да почувствува гнев, тага или радост, но на изненадување на истражувачите, таа не го познава стравот.
Американката раскажува дека се сеќава на ова чувство уште од детството, но како што поминувале годините, таа престанала да ја доживува таа емоција.
Научниците од Универзитетот во Ајова ги истражувале реакциите на жената и откриле дека во различни ситуации во кои повеќето луѓе се плашат, таа не покажува слични емоции.
Резултатите од студијата можат да бидат од корист за луѓето кои страдаат од тежок посттрауматски стрес.
Научниците тврдат дека при тестирањето, жената покажала одлични резултати при истражувањето на говорот, меморијата, интелегенцијата и перцепцијата.
Жената била одведена во продавница за миленичиња, каде што била воодушевена од опасните змии и дури побарала да погали тарантула, но беше запрена поради ризикот да биде касната од отровниот пајак.
Таа без проблем може да гледа страшни сцени без да трепне, велат научниците за списанието Current Biology.
Американката со иницијали С.М. има 3 деца и во животот се соочила со повеќе стресни моменти. На неа ѝ се заканувале со огнено оружје и нож, а во своето семејство била жртва на семејно насилство.
Сепак, ова воопшто не се одразило на нејзиното однесување, тврдат истражувањата.
„Кога амигдалата не работи, С.М. не ја препознава опасноста, ниту може да ја избегне. Вистинско чудо е дека сѐ уште е жива“ – велат научниците.
Слични нарушувања на личноста се добро познати во психологијата и тие се поврзуваат со доживеана траума од детството.Поради болеста, 50-годишната жена нема никакво чувство за самоодржување и таа без било каков проблем може да се најде во близина на опасни животни.

Пронајдете не на следниве мрежи: