Парфемот брзо ви ветрее? Нанесете го вака за да го задржите подолго мирисот…

Голем број на луѓе користат парфеми, но, никој не знае како правилно да ја нанесе миризливата течност…Без оглед колку и убаво да мириса ако се нанесува премногу, мирисот нема да биде многу пријатен. Најголем страв со прскањето на парфемот е дека ако се претера ќе ја „загушиме“ околината. Сепак, Кристин Лаби им помага на луѓето да го пронајдат парфемот кој најмногу им одговара но исто така им помага и открива како се нанесува парфемот со цел подолго да мириса.
-Ако го напрскате парфемот на рачниот зглоб, секогаш може да го измиете со вода. Ништо не е трајно. Во секој случај кога купувате парфем, би требало да се избегнуваат оние со сладок мирис како и оние кои имаат претеран мирис- советува Лаби.
Многумина тврдат дека со триењето еден од друг рачен зглоб се задржува мирисот но тоа е лага, додава таа.
Зглобовите се прскаат поединечно, а Лаби препорачува и да ја напрскате косата, за да се задржи мирисот подолго.
-Косата добро го „носи“ мирисот на парфем. Луѓето околу вас ќе го чувствуваат тој секси мирис, а истовремено ќе може да дишат нормално- вели таа.
Сепак ако имате сува коса, не сакате дополнително да ја оштетите со парфемот. Наместо тоа парфемот напрскајте го на четката па после чешлајте ја косата. Без оглед колку и убаво да мириса ако се нанесува премногу, мирисот нема да биде многу пријатен. Најголем страв со прскањето на парфемот е дека ако

Пронајдете не на следниве мрежи: