6-те најскапи куќи на светот- За некои од сопствениците досега сигурно не сте ни чуле!

Сопствениците на најлуксузните куќи во светот по правило не се мистериозни ликови ако ја земеме во предвид Бакингемската палата и нејзината станарка британската кралица Елизабета Втора. Но, дали некој знае кој е Тим Бликсер? Или кој е Индијанецот кој ја изградил станбената зграда од 27 спратови само за себе. Па, веројатно не…Антилија
Локација- Мумбаи, Индија
Вредност- Милијарда долари
Опис- Антилија всушност и не е куќа во традиционална смисла на зборот. Има 27 спратови, 30.200 квадратни метри, шест подземни нивоа за паркирање, три писти за слетување на хеликоптери а за нејзиното одржување се потребни 600 луѓе.
Сопственик- Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Индија, чие богатство „Форбс“ го процени на 23, 6 милијарди. Амбани парите ги има стекнато водејќи ја компанијата „Рилијанс индустриз“

Бакингемската палата
Локација- Лондон
Вредност- 1,55 милијарди долари
Опис- Кралската резиденција технички е куќа но дефинитивно не е на продажба. Во неа има 775 соби вклучувајќи 19 соби за прием, 52 спални соби, 188 соби за послугата, 92 канцеларии и 78 тоалети.
Сопственик- Моментално сопственик на оваа палата е Елизабета Вотра која владее од 6 февруари 1952 година.

Елисоновиот имот
Локација- Вудсајд, Клифорнија
Вредност-200 милиони долари
Опис- Се простира на околу 92.000 квадратни метри каде се наоѓаат десет згради, вештачко езеро, бара и јавен тоалет.
Сопственик- Лери Елисон, основач на „Оракл“ и според „Форбс“ трет најбогат човек на светот во минатата година.

Херстов замок
Локација- Сан Симон, Калифорнија
Вредност- 191 милиони долари
Опис- Замок со 27 спални соби користен за потреба на снимањето на филмот „Кум“ а во него престојувале Џон и Џеки Кенеди, Клерк Гебл, Винстон Черчил и други познати личности.
Сопственик- Вилијам Рендолф Херст

Севен Пинакл
Локација- Биг Скај, Монтана
Вредност- 155 милиони долари
Опис- Најголемиот имор во Клубот Јелоустон, со приватен скијачки и голф терен. Куќата има природно греење, базен ,теретана, вински подрум и сопствен ски лифт.
Сопственици- Едра и Тим Бликсет

Вила Леополд
Локација- Азурен брег, Франција
Вредност-750 милиони долари
Опис- Имотот на околу 202.000 квадратни метри вклучува стаклена градина, базен, кујна на отворено, писта за слетување… Куќата е користена за снимање на филмот со Алфред Хичког во 1955 „Држете го крадецот“.
Сопственик- Лили Сафр, бразилска вдовица на либанскиот банкар Вилијам Сафр кој починал во пожар во една од нивните куќи.Антилија
Локација- Мумбаи, Индија
Вредност- Милијарда долари
Опис- Антилија всушност и не е куќа во традиц

Пронајдете не на следниве мрежи: