Науката веќе долго време бара одговор на ова прашање, поради што многумина веруваат во вонземјанско потекло на овие градевини. Вистината е поимпресивна и покажува колку луѓето биле генијални.Големата пирамида во Гиза епоследното од седумте светски чуда на антиката. Овој споменик стар 4.5000 години, всушност гробница на фараонот Кеопс, изградена е од 2,4 милиони камени блокови од кој секој тежи околу 2,5 тони.
Денес се уште се дебатира околу тоа како старите Египќани успеале да ги пренесат сите тие камени блокови од каменоломот до модерниот дел на Каиро.
Научниците имаат неколку идеи, но една станува се повеќе и повеќе прифатена: ги тркалале по патот.
Всушност, оваа идеа е варијанта на стара идеја која вели дека древните градители ги закачувале блоковите за цилиндри кои тогаш ги туркале по патот, но постои една сериозна маана со оваа хипотеза, а тоа е фактот дека така би де нанела голема штета на патиштата, за што нема никакви археолошки докази.
Ако се земе в предвид дека работниците поместувале и по 40 блокови на ден, тогаш штетата би била огромна и би била потребна незапамтена инженерска логика за тоа да се поправи на време за новата тура која следела веднаш по старата.
Еден физичар од Универзитетот во Индијана, Џозеф Вест, неодамна објавил студија која предлага поинаков пристап кој значително би го намалил притисокот на земјиштето а истовремено би овозможил полесно туркање.
Идејата е неверојатно едноставна: Египќаните околу камените блокови врзувале дрвени стапови и така ги претворале во дванаесетаголници. Потоа ги туркале.
Екипата ја тестирала оваа теорија со помош на бетонски блок тежок 30 килограми, и установиле дека е потребна сила од 0,15 % од тежна на каменот за да се помести. 50 работоспособни луѓе би можеле да поместат камен со тежина од 2,5 тони половина метар по секунда.Големата пирамида во Гиза епоследното од седумте светски чуда на антиката. Овој споменик стар 4.5000 години, всушност гробница на фараонот Кеопс, и



