Како од бајка, овој елен со еден рог е реален. Но, тој бил усмртен во Словенија. Имено, еленот имал редок деформитет поради кој наместо два, имал еден рог и личел на еднорог.Во август годинава, еленот бил уловен од страна на еден ловец од Цеље. Реткиот деформитет најверојатно бил предизвикан од повреда во текот на растењето на роговите. Таквите повреди се вооичаени кај елените и често доведуваат до аномалии, вклучувајќи ги и чудно формираните рогови.
Аномалиите кај овој словенечки „еднорог“ се толку невообичаени, што научникот Боштјан Покорни, кој ја потврди веродостојноста на животното, рече дека никогаш во животот не видел нешто слично.
„Кај овој вид, само мажјаците имаат рогови кои обично претставуваат билатерални и симетрични коскени структури, кои наликуваат на продолженија на черепот“, рече Покорни и додава: „Меѓутоа, во овој случај на нетипичен и интересен мажјак, роговите сраснале во еден голем рог, наместо да бидат одвоени.“
Покорни вели дека не верува дека дефектот влијаел врз квалитетот на животот на овој елен. Пред сѐ, тој веќе доживеал старост, а тежината на животното била над просечната.
Спеак, тој наведе дека овие животни се многу територијални и успехот во парењето воглавно се заснова на големината на телото и староста на мажјакот. За разлика од другите видови, бизарното животно немало потреба да ги вкрстува роговите со другите животни.Во август годинава, еленот бил уловен од страна на еден ловец од Цеље. Реткиот деформитет најверојатно бил предизвикан од повреда во текот на расте



