Американскиот водител Ал Рокер денес го заврши својот маратон во водење на метеоролошкиот извештај во директен ТВ пренос. Соработникот на мрежата NBC говореше за времето полни 34 часа без пауза. Со тоа го собори досегашниот рекорд од 33 часа, кој во септември го постави норвешката водителка Ели Кари Гјенгедал и се запиша во Гинисовата книга на рекорди.
Благодарение на ова, собрани се и 70 000 долари во добротворни цели.
Како што пренесува АП, водителот му се заблагодарил на својот тим, но и на мајката природа, која со ладното време над САД, му овозможило извештајот да биде уште поинтересен за гледачите .
На прашањето на колегата, дали следната година ќе се обиде да го сруши сопствениот рекорд, Рокер изјавил: „Ова го направив само еднаш и никогаш повеќе“!
Соработникот на мрежата NBC говореше за времето полни 34 часа без пауза. Со тоа го собори досегашниот рекорд од 33 часа, кој во септември го постав


