Видео: Беше „лудак кој собираше пластични шишиња во тропски рај“ – Денес е гениј!

Британецот Ричард Сова (61) седум години го градеше овој пловен еколошки рај Џојгзи, недалеку од Канкун (Мексико). Овој уметник од Мидлзбороу, во Јоркшир, го исполнил својот сон и единствено што му недостасувало била личност, со која би го споделил идиличниот живот на својот остров од 150 000 шишиња. Среќата му се насмевнала минатата година, кога на Интернет ја запознал Џоди Болин (47) од Тенеси.
„Отсекогаш сакав свој живот на островот и уживав кога ќе ми се укажеше прилика да го покажам на другите. Но, многу е поубаво кога имам друга личност со која можат да го споделам животот во своето засолниште“, објаснува тој.
Иако се наоѓа на 30 метри од брегот и лежи на пластични шишиња наполнети со воздух, даски и песок, Сова тврди неговиот остров има се што е потребно, за на една дама да и биде пријатно. 

Куќата на три нивоа има две спални соби, кујна, струја, вода и поврзана е со Интернет. Опкружена е со палми и дрвја, кои раѓаат разни видови на овошје. Ричард има засадено зачински билки и други билки кои се јадат. „Мојот план е да станам потполно независен. Вегетеријанец сум и на островот одгледувам разни билки, со кои се хранам, но кога ќе посакам разновидна исхрана, ќе отидам со велосипедот до блиските продавници“, објаснува тој.
Струјата е обезбедена од соларна плоча. Ричард е одличен столар и заедно со Џоди се погрижиле за куќата да стане стабилна и безбедна.
Џојгзи е трет рај на Ричард од шишиња, претходните два беа уништени од урагани.  И покрај тоа, тој не се откажа од својот сон. Сега живее од својата музика и уметност, покажувајќи го својот приватен рај во замена за доброволни прилози. 
Среќата му се насмевнала минатата година, кога на Интернет ја запознал Џоди Болин (47) од Тенеси.
„Отсекогаш сакав свој живот на остр

Пронајдете не на следниве мрежи: