Во рамки на серијалот, со наслов “10 прашања” од страна на читателите на американското списание “Тајм”, тие имаат можност да ги дознаат одговорите од најинтересните личности на прашања во врска со нивните кариери, верувања, искуства, и слично.Нил -Деграс Тајсон, астрофизичар и директор на Хајден Планетариум на Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, можеби е најдобро познат по улогата минатогодишната документарна ТВ серија:”Космос: Посторно – временска Одисеја”.
Со 2.580.000 следбеници на Твитер, тој е астроном со далеку најголем број на следбеници, а можеби и најпознат астрофизичар во светот.
Многу луѓе се чувствуваат мали, бидејќи тие се мали, и универзумот е голем, но јас се чувствувам голем, бидејќи моите атоми потекнуваат од тие ѕвезди.
За време на интервјуто на серијалот “10 прашања” во 2012 година, меѓу другото, му беше поставено следново прашање: “Кој е неверојатниот факт за вселената, што би можеле да го споделите со нас?”
Одговорот кој го дал не само што ќе ве инспирира, туку ќе ве приближи и до космосот.
“Toa е сознанието дека атомите кои го сочинуваат животот на Земјата, атомите кои го сочинуваат човечкото тело може да се следат се до оние ретори во кои лесните елементи се „превриени“ во тешки елементи во центарот на Земјата под услови на висока температура.
Овие ѕвезди, меѓу кои се и оние со голема маса, станаа нестабилни во подоцнежните години. Тие се распаднaa и експлодираaa, кршејќи ја својата утроба низ галаксијата. Таа утроба е составена од јаглерод, водород и кислород, основните состојки на самиот живот.
Овие состојки станаа дел од гасните облаци што се згуснуваат и потоа се распаѓаат, формирајќи нова генерација на соларни системи. Овие планети сега имаат состојки неопходни за живот.
Кога ќе погледнам во ноќното небо, знам дека навистина ние сме дел од универзумо, дека ние сме во тој универзум, но можеби уште поважно од овие два факти е тоа дека универзумот е во нас.
“Кога ќе помислам на тоа, се чувствувам подобро. Многу луѓе се чувствуваат мали, бидејќи тие се мали, и универзумот е голем, но јас се чувствувам голем, бидејќи моите атоми потекнуваат од тие ѕвезди. Постои извесна поврзаност.”
Тоа е она што ние сакаме во животот, да сме поврзани, релевантни, да учествуваме во настаните околу нас.
А тоа е токму она што сме, со самото тоа што сме живи, – вели Тајсон.
Нил -Деграс Тајсон, астрофизичар и директор на Хајден Планетариум на Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, можеби е најдобро познат п



