Научниците кои ги проучуваат дивите животни сакаат да се приближат што е можно повеќе до своите субјекти, а да не го нарушат нивното природно однесување. Еден од начините со кој успеваат е употребата на ровери на далечинско управување. Новото истражување на Ивон Ле Махо од Универзитетот во Стразбур, Франција, се состоеше од набљудување на 34 кралски пингвини, со помош на ровер со четири тркала.
Не само што пингвните дозволиле роверот да им се приближи доволно блиску, како би ја набљудувал нивната работа на срцето, туку биле и „ладнокрвни“, во однос на ситуацијата.
Во вториот експеримент, истражувачите го маскирале роверот во мало пингвинче и го пратиле меѓу поголема група пингвини, чии припадници претходно биле многу срамежливи пред истражувачите.
На почетокот, научниците се обиделе да испратат ровер меѓу морските слонови, кој скоро не го забележувале.
Ле Махо вели дека ваквите уреди веројатно ќе ги користат за проучување на влијанието на климатските промени на успешноста на размножување и опстанок на кралските пингвини. Исто така, тој може да го сними огласувањето на животните или да ги собира податоците од сензорот, кој се наоѓа на нивната територија, а притоа да не вознемирува.
Новото истражување на Ивон Ле Махо од Универзитетот во Стразбур, Франција, се состоеше од набљудување на 34 кралски пингвини, со помош на ровер со


