Оригиналните бајки НЕМААТ среќен крај: Црвенкапа е човекојадец, низа самоубиства, силувања…

Приказните што ги знаеме од детството не се ниту блиски на нивната оригинална форма: до нас стигнале прочистените верзии. Кој би му раскажал на детето дека Снежана ја убила сопствената мајка, така што на денот на венчавката ја тера до смрт да танцува во врели железни обувки?Шарл Перо и браќата Грим се најпознатите писатели на бајки, но тие никако не биле пионири. Имено, првите изданија на бајките на Грим, во себе содржат неверојатни бруталности, кои никако не можат да му бидат јасни на нормален човек, а камоли на дете, вели „Политикин забавник“.
Снежана и седумте џуџиња. Во оригиналната верзија, лошата кралица не е маќеа, туку ѝ е мајка на Снежана. Браќата Грим подоцна го смениле овој детаљ, бидејќи на мајчинството гледале како на нешто свето. Занесен од нејзината убавина, принцот побарал од џуџињата Снежана по смртта да ја стават во ковчег и да ја однесат кај него во замокот за да може да ужива во погледот.
Еден слуга, кој бил изморен од секојдневното поместување на ковчегот, ја удира Снежана по грбот и таа го искашлува отровното парче јаболко. Приказната има „среќен“ крај: покрај тоа што се мажи за принцот, нејзината мајка е приморана да носи железни обувки и да танцува без престан, сѐ додека не ѝ изгорат стапалата и умира во најголеми маки.

Историчарот Екард Сандер, верува дека ликот на Снежана се базира на вистинита личност, грофицата Маргарети фон Валдек, која што живеела во 16 век и поседувала рудници со бронза во кои работеле деца. Таа била отруена со арсен кога имала 21 година и тоа од рацете на нејзината мајка – кралицата Марија Австриска, ќерката на кралот Филип I од Кастиља.
Брутална е и приказната за Црвенкапа. Во оригиналната веризја, волкот ја јаде неа и нејзината баба, а Шарл Перо мислел дека приказната може да му послужи како предупредување до девојчињата да не зборуваат со странци.
Во некои француски верзии, волкот ја повикува Црвенкапа заедно да го јадат месото на нејзината баба и да ѝ ја испијат крвта, со што таа се претвора во човекојадец-вампир.
Златокоса во првобитната верзија дури ужива во предбрачен секс со принцот, а тој подоцна се обидува да изврши самоубиство. Следи следното: „И така тие уживале некое време, а волшебничката ништо не забележувала, сѐ до моментот кога Златокоса не ја прашала: -Кажете ми, зошто облеката ми станува сѐ потесна и не можам повеќе да ја носам?“ Значи, таа дури и забременила.
Во оригиналната верзија, прво мајката ги напушта Ивица и Марица, а подоцна и нивниот татко. Во подоцнежните варијанти, таткото станува грижлив родител. Канибалистичките сцени и напуштањето на децата дефинитивно не е нешто што треба да се смета за прифатливо однесување.
Првите верзии на Пепелашка се брутални. Имено, маќеата ги тера ќерките да си ги исечат ножните прсти, за да им ги собере стапалата во малечката чевличка, додека на крај се казнуваат со тоа што гулабите одмаздољубиво им ги колваат очите, откако Пепелашка ќе се омажи за принцот.
Во верзијата од 1340 година, главните јунаци во Заспаната убавица се Трило и Зеландина: веднаш штом ќе заспие, едниот од нив ѝ прави дете – односно ја силува додека се наоѓа во несвесна состојба. Во една друга верзија, хероината се вика Талија и таа не се буди по бакнежот на принцот, туку по силувањето од кое што се раѓаат две деца – Сонцето и Месечината. Тука се спомнуваат човекојадци, брачни изневерувања и сурови убиства.
И за крај, оригиналната верзија на Мачорот во чизми, има неславен крај: неблагодарниот сопственик го исфрлува преку прозорецот, мислејќи дека загинал. Дефинитивно ова не е начин со кој луѓето треба да се однесуваат кон милениците.Шарл Перо и браќата Грим се најпознатите писатели на бајки, но тие никако не биле пионири. Имено, првите изданија на бајките на Гр

Пронајдете не на следниве мрежи: