Мобилните телефони, шпоретите, фрижидерите, машините за перење алишта и ситните домашни апарати никогаш не биле попристапни, но имаат се` пократок век.Како по некое правило, тие траат колку и гаранцијата, а поправката чини колку и купувањето на нов уред. Се` помал е бројот на апарати кои можат да работат по деценија, или две, како некогаш.
Европскиот центар за потрошувачи го истражуваше феноменот за брзото расипување на техниката и дојде до заклучок дека рокот на траење на техничките уреди е се` пократок, затоа што производителите намерно прават неквалитетни производи кои се програмирани побрзо да се расипуваат.
Производителите и сервисерите објаснуваат дека не може да се очекува од машината за перење алишта која чини 200 евра, да работи 30 години.
„Уредите се поевтини и неквалитетни. Потребата за ниската цена ги спушти стандардите на производството. Бубањот од машината за перење алишта се` почесто се прави од пластика, бојлерите се од тенок лим… Забележливо е дека граѓаните поретко се одлучуваат да ги поправат уредите по истекот на гаранцијата“, вели сервисерот Никола Јоксимовиќ.
Така, машината за перење алишта се расипува после 2.500 миења, мобилните телефони едвај траат две години, а телевизорот престанува да работи по 20.000 часа гледање.
Во извештајот на овој центар се наведува дека механичките производи се местат да работат онолку часа, колку што трае гаранцијата, а во електричните уреди често се уфрлува грешка во софтверот, или во производите намерно се вградуваат делови со лош квалитет.
Гаранцијата истекува по две-три години, а со неа и одговорноста на производителот. Расипаниот уред тогаш е застарен, а новите модели веќе се наоѓаат во продавниците. Така се создава автоматска побарувачка.
„Тоа значи дека производот е направен така што кога ќе откаже само еден негов дел, целиот уред престанува да работи“, предупредуваат во извештајот.
Но, тоа не е се`. Деловите за расипаниот уред тешко се наоѓаат, бидејќи веќе не се произведуваат, или се прескапи. Затоа поправката не се исплати и потрошувачот е присилен да купи нов производ.Како по некое правило, тие траат колку и гаранцијата, а поправката чини колку и купувањето на нов уред. Се` помал е бројот на апарати кои можат да



