Фото: Ќе се воодушевите од потеклото на имињата на овие европски градови!

Берлин, Минхен,Осло, Манчестер, Дрезден, Ливерпул, Сплит, Париз, Глазгов… Сите знаеме за овие градови, но малку знаеме зошто се нарекуваат така. Барселона
Еден од најубавите и најзнаменитите градови на денешницата, е наречен така од картагинскиот генерал Хамилкар, татко на познатиот Ханибал, кој скоро 10 години го тероризирал Рим и цела Италија. Нивното семејно име е Барка, што доаѓа од пунскиот збор за молња.
Берлин
Потеклото на името на германскиот главен град доаѓа од словенскиот збор (конкретно од старополапскиот јазик) за мочуриште – „берл“.
Манчестер
Првично, родниот град на Јунајтед, се нарекувал Мамучио. Денешното име доаѓа од „Mameceastre“, што претставува кованица од два збора: „mamm“ што значи дојка или брдо во облик на дојка и староанглискиот „ceastre,chester“, што значи римски град.
Ливерпул
Местото каде се наоѓа еден од најголемите фудбалски храмови, „Енфилд Роуд“, има исто така сложено име од два збора: староанглискиот „lifer“ што значи дебела, засирена вода и „pool“ што значи базен. Ова е референца на базен или на плимски поток, кој веќе не постои.
Осло
Норвешкиот главен град потекнува од старонорскиот збор „os“ што значи устие.
Копенхаген
Најголемиот град во Скандинавија значи „трговска пристаниште, од данските зборови „køber“ – трговец или купувач и „havn“ – пристаниште.

Дрезден
Најубавиот град во источна Германија претставувал словенска населба во средниот век, а неговото име потекнува од старолужичко – српскиот збор „drezhdzany“, што значи луѓе од шума.
Париз
Градот на светлината во античко време се нарекувал „Lutecija Parisorum“, а во подоцнежната империја и „Parisii“. Првично беше утврдена населба на галското племе Паризи, кои од него направиле своја претстолнина.
Сплит
Потеклото на вториот хрватски град по големина, доаѓа од билката „brnistre“, која расте во изобилство околу градот. Во средниот век се нарекува Спалатум, што претставува референца на Палатата на Диоклецијан, која е сржта на овој град.
Минхен
Баварската престолнина во својот корен го има зборот „monch“ што значи монах. Основан е од Бенедиктинските калуѓери.
Глазгов
Домот на двата најголеми шкотски фудбалски клубови, Селтик и Ренџерс, го носи името по комбинација од гелските зборови „gael“ – зелено и „cau“ – шуплина,надолница.
Рим
Вечниот град на латински јазик се вика „Roma“, што потекнува од етрурскиот збор „Rumon“, старото име на реката Тибар.Барселона
Еден од најубавите и најзнаменитите градови на денешницата, е наречен така од картагинскиот генерал Хами

Пронајдете не на следниве мрежи: