Каков цар: Си ископал тунел од спалната па до кафаната затоа што…

Оваа идеја му дошла уште во 1994 година, а за реализација му требале 15 години. Водоинсталатерот од Ирска, верувале или не ископал тунел од својата спална па до локалниот паб кој се наоѓа на 800 метри од неговата куќа.
Петси Кер добил повик за на суд откако по негова заслуга им пукнала цевка на соседите. Па така тој на суд раскажал за својот тунел.
-Мојата жена ’рчи. Па откако изгледав еден интересен филм добив идеја да преземам нешто во врска со тоа. Па започнав да копам користев повеќе видови на алат. А дури во 2009 успеав да излезам на другата страна и тоа директно во женскиот тоалет- изјавил тој.

 
А веќе некое време тој редовно оди во пабот а неговата жена не знае дека тој тоа го прави дури мисли и дека спие.
-Да бидам искрен, драго ми  е што не сум фатен. Жената секогаш се лути кога мирисам на алкохол. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот секогаш се прашуваше како доаѓа и како си заминувам од женскиот тоалет- додава. Водоинсталатерот од Ирска, верувале или не ископал тунел од својата спална па до локалниот паб кој се наоѓа на 800 метри од неговата куќа.

Пронајдете не на следниве мрежи: