Што се Фејсбук знае за вас – а вие не сте му го откриле!

На најголемата социјална мрежа во светот има преку милијарда корисници. Па, колку и да се трудите да ја задржите својата приватност, Фејсбук за вас знае и многу повеќе отколку што можете да замислите.Фотографии
Колку фотографии и да ставите, тој ќе ги чува и по нивното бришење, само што нема да бидат достапни јавно. Покрај тоа новите алгоритами овозможуваат лесно препознавање на ликот, па се очекува во блиска иднина Фејсбук да ги препознава луѓето кои се наоѓаат во позадина на фотографијата.
Политичко определување
Пример, лајковите на Фејсбук, често предвидуваат кој ќе победи на политичките избори. Статусите на оваа социјална мрежа, можат да покажат на која политичка партија и се наменети, иако тоа не е директно кажано. На пример, ако напишете: „Никој не треба да умре затоа што нема за здравствено осигурување“, Фејсбук ќе ве одреди како либералец. Доколку постирате: „Никој не треба да остане без пиво бидејќи не може да го плати“, поизвесно е да сте конзервативец. Статусите кои се однесуваат на социјалните прашања содржат пораки кои се согласуваат со некои од политичките прашања.
Го предвидува љубовниот живот
Еден од научниците кои правел истражувања на љубовните врски на Фејсбук вели дека одредени работи на оваа мрежа можат да се предвидат. Во односот на две личности може да се види како почетокот на нивните интеракции започнале со лајкови, и коментари на статуси. Тие спровеле истражување во односот на паровите, 100 дена пред почетокот на нивната врска. Следејќи ги лајковите, означувањата, постовите помеѓу две личности, Фејсбук препознава дека тие се во фаза на мување. Интеракцијата е се почеста, се додека не се „смуваат“. Тогаш драстично опаѓа.

Интереси
Секој лајк на одредена страница го олеснува правењето на профил на корисникот. На основа на тоа Фејсбук на различен начин ги прикажува рекламите за секој корисник т.е. нуди страници за работи кои се слични на вашите интереси.
Го знае името на вашиот брат или сестра
Уште едно истражување покажало дека иако корисниците не означиле кој им е брат или сестра, нивното име тоа го открива. Доколку девојката се вика Хоуп во третина од случаите нејзината сестра ќе се вика Фејт. Тоа најмногу се случува кај близнаците. Исто така се покажало и за името Ивет, чија сестра во скоро 50 отсто од случаите се вика Ивон. Фотографии
Колку фотографии и да ставите, тој ќе ги чува и по нивното бришење, само што нема да бидат достапни јавно. Покр

Пронајдете не на следниве мрежи: