Панда лажирала бременост за да добие поголемо внимание?

Затоа што пандите тешко се размножуваат кога се заробени, женките кога ќе затруднат добиваат посебен третман во комфорни простории со клима уред и повеќе храна.Пандата Ал Хин во Центарот за вештачко оплодување панди во кинескиот град Ченгду, лажирала дека е бремена, за да добие подобар третман, јавува агенцијата Синхуа.
Ветеринарите соопштија дека 6- годишната панда пред месец дена имала први симптоми на бременост. Меѓутоа понатаму, забележале дека однесувањето на Ал Хин се враќа во нормалност како и нејзините физиолошки показатели.

Според Синхуа, не е невообичаено за пандите да лажираат бременост. Женките често покажуваат слични симптоми затоа што им се допаѓа да добиваат поголеми внимание.
“Тие тогаш добиваат поголеми порции на леб, овошје и бамбус, искористувајќи ја ситуацијата како би уживале и понатаму” – изјави еден експерт од центарот.
Во природата живеат помалку од 1600 панди, главно во кинеската покраина Сечуан, а 300 панди се во заробеништво.  Пандата Ал Хин во Центарот за вештачко оплодување панди во кинескиот град Ченгду, лажирала дека е бремена, за да добие подобар третман, јавува аген

Пронајдете не на следниве мрежи: