Прашањето дали може да се излаже полиграфот е честа тема за полемики. Не само кај луѓето кои чекаат повик за полиграф, туку и за сите други кои би можеле да се најдат во таква ситуација „за секој случај“.Експертите тврдат дека постојат „трикови“ кои притоа би можеле да помогнат.
„Пукни се со струја, ограничена, контролирана, пред да тргнеш. Таа прави интерференции помеѓу сигналите кои ги добиваш од мозокот, така што отчукувањата на срцето ќе останат непроменети… Но, пази како ќе возиш потоа“, само е еден од советите на познавачите на оваа проблематика.
„Испиј што е можно повеќе бенседини пред тестот. Така ќе ти се намали реакцијата и на позитивните и на негативните надразнувања. Или пак, стави нешто во чевелот, на пример игла, па кога ќе ти постават прашања за кои што знаеш дека не се негативни, предизвикај иста реакција како кога ќе лажеш. Следи ги овие инструкции и лесно ќе го поминеш полиграфот“, порачува еден друг експерт.
Криминилогот Добривое Радовановиќ вели дека полиграфот е средство со кое се проверува вистинитоста на исказите, но дека не е толку добро средство за утврдување.
„Проблемот со полиграфот е тоа што има различни типови на луѓе. Посебен тип, на кој нема да му го наведам името, не реагира на електричните импулси и полиграфот не може да му ги измери емотивните промени. Тој е тежок престапник и таквите како него радо се сложуваат да поминат полиграф, бидејќи полиграфот не може да ја прочита нивната лага“, рече тој.Експертите тврдат дека постојат „трикови“ кои притоа би можеле да помогнат.
„Пукни се со струја, ограничена, контролирана



