6 работи кои најпродуктивните луѓе ги прават секој ден – I дел

Дали некогаш сте се почуствувале дека не сработувате доволно? Знаете ли коклу денови во неделата сте навистина продуктивни?
Околу 3: Луѓето работат во просек околу 45 часа во неделата, а се смета дека околу 17 часа од тие се непродуктивни. Би можеле сите да допринесуваме многу повеќе – но исто така, никој од нас не сака да биде зависен од работа.
Многумина би сакале да допринесат повеќе и да имаат  баланс помеѓу работата и животот. Но како да го направиме тоа? Одговорите на овие прашања има Тим Ферис, атворот на бестселерот „The 4-Hour Workweek“.
1 Управувајте со вашето расположение
Многу продуктивни системи функционираат како да сме роботи – ја забораваат огромната моќ на чувствата.
Доколку го започнете денот смирени, лесно е да ги сработите вистинските работи и да се фокусирате.
Но кога ќе се разбудите и вревата веќе е присутна – телефонот ѕвони, пристигаат мејлови и слично – тогаш во текот на целиот ден само реагирате.
 Ова значи дека не работите на приоритетите, туку реагирате на се што е нафрлено кон вас, сеедно  дали  е важно или не.
„Првите 80 до 90 минути од мојот ден се обидувам да бидат слични. Мислам дека рутината е неопходна за да се чуствувате дека ги имате работите под контрола, а тоа ве прави повеќе пордуктивни“, вели Тим.
Истражувањта покажуваат дека начинот на кој ќе го почнете денот има огромно влијание врз продуктивноста  и дека повеќе ќе заостанувате доколку сте во лошо расположение.
Исто така студиите покажуваат дека среќата ја зголемува продуктивноста и ве прави поуспешни.
Затоа размислувајте помалку за управување со работата а повеќе за управување со вашите чувства.
Кој  е следниот чекор за управување на вашето расположение откако ќе се разбудите?

2 Не го проверувајте меилот наутро
За некои луѓе ова е сосема невозможно. Многумина не можат да си замислат да се разбудат а да не ја проверат веднаш поштата или социјалните мрежи.
Зошто проверката на меил наутро е кардинална грешка?
Се ставате во позиција да реагирате.
Примате меил и ги трошите вашите најдобри часови да исполните нечии други цели,а не вашите.
Не го планирате вашиот ден и не поставувате приоритети, туку дозволувате да бидете одвлечени од некој кој случајно пратил меил на вашата пошта.
„Кога е можно, не го проверувајте меилот во првите час или два од денот. Тешко е за некои луѓе да замислат. „ Како ќе го направам тоа? Морам да го отворам меилот за да добијам информации за најважните задачи кои треба да ги извршам?
Ќе бидете изненадени колку често тоа не е причината. Можеби треба да го отворите меилот за сто процентно да ги завршите најважните задачи.  Но може ли да завршите 80 до 90 проценти од работата пред да го отворите меилот и „мозокот да ви експлодира “? Да можете.
Истражувањата покажуваат дека меилот:
– Ве фрустрира
– Може да ве претвори во неспособни
-Може да биде позаразен од алкохол и тутун
-Проверката на меил е исто како да го спуштате вашето ниво на интелигенција за 10 поени.
Дали навистина сакате вака да го започнете денот?

3 Пред да се обидете да завршите побрзо, прашајте се дали работата воопшто треба биде завршена
Сите прашуваат, „Зошто е толку невозможно се да се заврши?“ Одговорот е  неверојатно лесен: Правите премногу работи
Сакате да бидете повеќе продуктивни? Не прашувајте како да направите нешто поефикасно, се додека не сте се запрашале „Дали воопшто треба да го правам ова“?
„Да се направи една задача добро,нама да ја  направи важна. Мислам дека ова е еден од најчестите проблеми при советување за планирање на времето или продуктивноста. Тие се фокусираат  на тоа како да ги завршат работите побрзо. Поголемиот број на задачи кои луѓето ги извршуваат брзо воопшто и не треба да бидат  направени“, вели Тим.
Интересно е тоа што постојано се жалиме дека имаме многу малку време и потоа  ставаме безброј работи на приоритет како времето да е бесконечно. Наместо тоа, направете го она што е важно…
Погледнете ги преостанатите 3 карактеристики на продуктивните луѓе, на следниот ЛИНК Би можеле сите да допринесуваме многу повеќе – но исто така, никој од нас не сака да биде зависен од работа.
Многумина би сакал

Пронајдете не на следниве мрежи: