Еве што се случува кога едно дете ќе го напушти традиционалниот начин на образование

Логан Лапланте има 13 години и сака кога ќе порасне да биде здрав и среќен. Момчето е буквално на пат тоа и да го оствари, благодарение на тоа што тој не оди во училиште, туку се школува дома.Логан може самиот да си ги обликува и уреди часовите и самиот да избере што сака да учи и во која област да напредува, нешто што традиционалните училишта не го нудат. Многу педагози веруваат дека поради тоа, креативноста на децата се развива многу побавно.

Моменталниот образовен систем наместо да им понуди нов, креативен и несекојдневен начин на размислување и функционирање на децата, тој ги прави посубмисивни и ги подготвува за работа во компании кои ги одржуваат веќе постоечките стандарди на општеството кое има се поголема потрошувачка од ден за ден.

Ова значи дека образовниот систем не се фокусира на индивидуален развиток на учениците, туку од нив да создаде работна сила која треба само да биде нова поткрепа за постоечкиот систем. Сер Кен Робинсон во 2007 година одржа еден неверојатен говор за тоа како образовниот систем ја убива креативноста и индивидуалноста на децата. Говор по кој многу луѓе во светот се одлучија да ги испишат децата од училиштата и да ги школуваат дома.
Денес околу 4% од децата од 5 до 17 години во САД се школуваат дома, додека во Канада тоа го прават 1% од децата. Се очекува оваа бројка постепено да расте, бидејќи резултатите покажуваат дека децата школувани дома на тестовите даваат подобри резултати од оние кои се школуваат во државни и приватни училишта.
Логан може самиот да си ги обликува и уреди часовите и самиот да избере што сака да учи и во која област да напредува, нешто што традиционалните уч

Пронајдете не на следниве мрежи: