Фото: Мистериозен објект во езерото на Сатурновата месечина Титан ги заинтригира научниците

Научниците претпоставуваат дека можби станува збор за санта мраз кога се одвоила од брегот на езерото, што посочува на ослободување на воздух од дното на езерото, или пак создавање на бранови од непознат извор.Титан е мошне необично место во вселената. Во карпестите пејсажи од јаглеводород се кријат езера полни со течен метан и етан. Атмосферата на Титан е толку густа а гравитацијата толку слаба, што обичен човек таму може да лета, но веднаш би умрел од воздухот полн со хидро-цијанид. Титан е единственото небесно тело во сончевиот систем покрај Земјата на кое има стабилни течни форми.
Леталото Касини постојано го фотографира Титан. Кога ги споредиле фотографиите од 2007, 2010 и 2013 научниците увиделе дека на последната фотографија од истото место има еден објект кој претходно не бил таму.
По процес на елиминација научниците дошле до 4 можни објаснувања за оваа појава: санта мраз која се одвоила од брегот на езерото, земјен материјал кој се издига од дното кон површината ан езерото, голема концентрација ан меури со воздух ослободени од дното, или пак првите бранови на површината на езерото.

Ова последното објаснување според научниците е најверојатно, бидејќи според нив, поради засиленото зрачење на сонцето во последниве години, можно е да се создала енергија која создала ветрови на површината на езерото на Титан, при што настанале бранови во етанот и метанот. Претходно, езерото едвај се бранувало, и било „рамно како стакло“.
Научниците се уште истражуваат од кои причини се појавил овој објект во езерото на Титан, но сега се сигурни дека таму се одвива некаков процес кој создава енергија.Титан е мошне необично место во вселената. Во карпестите пејсажи од јаглеводород се кријат езера полни со течен метан и етан. Атмосферата на Титан

Пронајдете не на следниве мрежи: