Сакате мускули како Шварценегер? Повторувајте ја оваа вежба!

Постои техника која уште старите бодибилдери ја употребувале за максимално да го зголемат растот на своите мускули. Станува збор за краткотрајни и нешто побрзи движења на крајот на серијата на некои вежби чија цел е да да остварат дополнителен метаболички стрес на мускулите. Еден од најпознатите бодибилдери на сите времиња, Арнолд Шварценегер, ја прослави оваа метода а ја практикува и денес.Ваквите продолжени повторувања се нарекуваат парцијални повторувања или „burns“. Откако ќе се изведе последниот број повторувања на некои вежби во полн опсег на движење, се продолжува со изведување на истата вежба со парцијално повторуање до откажување. Целта е таквото повторување да се изведува во оној дел од движењата каде оптеретувањето на мускулот на кој целите е најголемо. Во текот на тие повторувања би требало да почувствувате пецкање и „жештина“ а оттаму и називот „burns“.
Арнолд Шварценегер ја користел оваа метода за сите мускули на телото и на тој начин повторно се обидувал да ги шокира и дополнително оптовари. Парцијалните повторуања му овозможуваат на тој што вежба, да ја продолжи работата на мускулите, да го зголеми протокот на крвта во нив и повеќе да ги активита мускулните влакна.

 
Испробајте го ваквото повторување на следниот тренинг. Одберете неколку вежби и последната серија продолжете ја за да ги направите парцијалните продолжувања додека мускулите не ви откажат. Движењето на вежбите правете го во растојание од 5-10см, зависно од вежбите, и сконцентрирајте се на мускулот кој сакате да го погодите. Ако сте ја одбрале вистинската тежина и бројот на повторувања во полно движење, ваквите „burn“ повторувања би трбало да бидат во растојание од7 до 10 кога ќе ги направите до максимум. Немојте кај секоја вежба да ја применувате оваа метода (како на пример кај чучњевите), одберете поедноставни движења и запалете ги мускулите!Ваквите продолжени повторувања се нарекуваат парцијални повторувања или „burns“. Откако ќе се изведе последниот број повторувања на нек

Пронајдете не на следниве мрежи: